Промовирани огласи »

Поевтинуваат горивата од полноќ - ова се новите цени!

Регулаторна со убави вести за возачите

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

Од 22.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар);
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар);
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар);
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС 40,158 (денари/килограм).

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Пракса во Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација објавува ЈАВЕН ПОВИК за волонтери и практиканти

Бараме волонтери од следните области:
• Природно-математички науки
• Информатика, електроинженерство, телекомуникации
• Психологија, когнитивни науки, образование

– Кој може да се пријави?
• Студенти или дипломирани студенти
• Со интерес за комуникација, истражување и дигитална трансформација
• Со основно познавање на англиски јазик

– Што треба да поднесеш?
• Кратка биографија
• Доказ за студирање или завршено образование

-Рок за аплицирање: 14 работни дена од 18.07.2025 година.
Апликација: Национален портал за е-услуги.

-Не пропуштај ја шансата да бидеш дел од дигиталната иднина, објави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Тагови: Министерството за дигитална трансформација практиканти

Промовирани огласи »

Технологијата предизвикува 'Мозочна трулеж': Колку навистина влијае скролањето врз нашиот ум?

Секојдневното скролање е еквивалентно на искачување четири врвови на Монт Еверест во една година, а научниците предупредуваат дека ова води до 'мозочна трулеж'.

Според ново истражување, просечниот корисник на интернет поминува доволно време скролање за да 'измине' растојание еквивалентно на четири врвови на Монт Еверест во текот на годината. Ова зголемено користење на телефони и постојано скролање низ социјалните мрежи доведе до појава која научниците ја нарекуваат 'мозочна трулеж'.

Неуролозите и научниците кои го проучуваат мозокот предупредуваат дека долгите часови поминати во користење на телефони резултираат во деградација на менталниот капацитет. Видеото кое најдобро го демонстрира ова е вирусниот 'Skibidi toilet', кое беше прегледано над 215 милиони пати, истакнувајќи ја сериозноста на проблемот.

Зборот 'Мозочна трулеж' е избран за збор на годината 2024 според Оксфорд речникот, што го дефинира како 'влошување на менталната состојба на личноста како резултат на прекумерна консумација на нерелевантна или неинтелектуална содржина, посебно онлајн'.

Дури пред 20 години, истражувачите предвиделе дека прекумерната информациска преоптовареност може значително да го намали нашето ментално функционирање, намалувајќи го IQ со 10 поени по лице во истражување, предизвикувајќи поголем негативен ефект од консумацијата на канабис.

Како да го спречиме ова? Важно е да се постават дигитални граници и да се промовира време без технологија, како на пример за време на оброци или пред спиење. Преку поттикнување на офлајн активности и хобија, можеме да помогнеме во враќањето на креативноста и љубопитноста.

Тагови: здравје ментално здравје

Промовирани огласи »

Сашко Кедев е првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри

Докторот Сашко Кедев, кој има огромна пасија кон алпинизмот, вчера го освои Гашербрум I во Пакистан, врв висок 8.080 метри. Со ова тој направи голем подвиг и стана првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри.

Познатиот македонски кардиолог и некогашен политичар, Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри, тој денеска го освои Гашербрум во Пакистан.

Докторот Сашко Кедев, кој има огромна пасија кон алпинизмот, вчера утрото во 10:44 часот го освои Гашербрум I во Пакистан, врв висок 8.080 метри.

Со ова тој направи голем подвиг и стана првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри.

За овој подвиг на Сашо Кедев му требаа околу четири години, а списокот на неговите освоени врвови изгледа вака: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.

Дел од денешната експедиција биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.

Тагови: врв доктор Пакистан Сашко Кедев спорт

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »