УНИБанка АД Скопје и оваа година е дел од најзначајната културна манифестација во државата „Охридско лето“. Како традиционален поддржувач на фестивалот, Банката уште еднаш ја потврдува својата определба да поддржува значајни културни настани, верувајќи дека културата е срцето на секое општество, а уметноста јазикот што ги поврзува сите генерации.
65-тото издание на фестивалот традиционално започнува на 12 јули и трае до 20 август. Оваа година, со богата роденденска програма, нуди 29 музички настани и настапи на над 300 уметници од САД, Кина и Европа.
Под мотото „Уметноста трансформира“, Охрид ќе се претвори во хибриден простор на музика, драма, визуелна уметност и глобална културна сцена. Концертите и театарските претстави ќе се одржуваат на уникатни локации како црквата „Св. Софија“ и Античкиот театар, што претставува значаен придонес во зачувувањето и оживувањето на културното наследство.
Фестивалот претставува мост меѓу локалното и глобалното, со можност светот да ја запознае Македонија преку уметноста. Истовремено, обезбедува платформа за македонски музичари, актери и уметници да настапуваат рамо до рамо со светски признати имиња.
Секоја година, над 30.000 посетители од земјата и странство уживаат во културната понуда на спектакуларните сцени низ Охрид, впивајќи ја магијата на уметноста покрај брегот на Охридското Езеро.
Културата отсекогаш имала моќ да обединува, да создава вредност и да гради врски меѓу луѓето – вредности со кои се идентификува УНИБанка како активен дел од заедницата.
Во рамки на својата општествена одговорност, УНИБанка ќе продолжи со поддршка на културни и општествени проекти, со фокус на младите, спортот, иновациите и зачувувањето на културното наследство.
И ова лето, заедно со УНИБанка, уживајте во магијата на уметноста на брегот од Охридското Езеро.
Тагови: УНИ БАНКА АД