Промовирани огласи »

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Твојот следен кариерен чекор почнува на KARIERA DAYS!

Подготви се за дводневен настан што инспирира, поврзува и отвора врати кон нови можности! Оваа пролет, на 9 и 10 мај, KARIERA.mk и East Gate Mall повторно ги здружуваат силите за организирање на KARIERA DAYS vol.2 – уникатен настан посветен на сите што бараат нова професионална насока, поголема мотивација или само добра дружба.

По успешната прва година, ова издание доаѓа со уште побогата програма, нови активности и поиновативен пристап во поврзувањето на компаниите и потенцијалните кандидати. Деталите ќе ги споделиме наскоро, но веќе сега можеме да кажеме, можете да очекувате уште побогата програма, повеќе можности за разговор со можеби вашите идни работодавци, повеќе простор за забава и уште подобро искуство за сите учесници.

KARIERA DAYS е дводневен настан што отвора простор за вистински кариерни средби

Наменет е за сите – од студенти што се на почеток од својот професионален пат, до искусни кадри кои сакаат нова насока или подобра работна средина. Во рамките на настанот, посетителите имаат шанса директно да се запознаат со водечки компании, да дознаат за актуелни огласи и да воспостават прв контакт во пријатна, отворена атмосфера.

Ова не е класичен саем за вработување – туку нов начин на градење врски меѓу луѓето и компаниите, каде човечкиот контакт и искрената размена на информации се во центарот на вниманието.

А како ни беше минатата година?

Во текот на еден викенд, десетици компании и стотици посетители создадоа енергија која уште се памети – беа воспоставени нови контакти, се водеа инспиративни разговори и многумина го најдоа токму она што го бараа.

Погледнете како изгледаше KARIERA DAYS 2024:

KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Тагови: настани kariera days

Промовирани огласи »

Благодарност до УНИБанка за поддршката на македонското скијање

Скијачка федерација на Македонија со голема благодарност и почит ја истакнува УНИБанка АД Скопје како свој стратешки партнер

Скијачка федерација на Македонија со голема благодарност и почит ја истакнува УНИБанка АД Скопје како свој стратешки партнер, чија поддршка е од исклучително значење за развојот на скијачкиот спорт во нашата земја. Продолжувањето на ова партнерство претставува не само финансиска поддршка, туку и вистински пример за општествено одговорно делување кое остава траен белег врз спортската сцена во Македонија. Нивната поддршка создава оптимални услови за нашите спортисти, овозможувајќи им пристап до подобра инфраструктура, опрема, тренинг-кампови и подготовки, како и учество на меѓународни натпревари каде што ја претставуваат државата. Ова партнерство не само што придонесува кон индивидуалните успеси на скијачите, туку и кон афирмација на македонското скијање на светската сцена, каде што нашите натпреварувачи сѐ повеќе се истакнуваат со своите резултати.

„Благодарение на партнерството со УНИБанка, македонското скијање добива поддршка која е фундаментална за нашиот спортски раст и за успехот на нашите натпреварувачи. Ова спонзорство е уште една потврда дека заедно можеме да ги унапредуваме зимските спортови во Македонија и да создадеме нови шампиони. Искрено ја цениме посветеноста и довербата што УНИБанка ја покажува кон македонското скијање.“ – додаде Дејан Пановски, претседател на Скијачка федерација на Македонија.

Договорот за спонзорство, беше свечено потпишан помеѓу Скијачка федерација на Македонија и УНИБанка, како продолжување на досегашната соработка и заедничката визија за развој на зимските спортови.

Во знак на искрена благодарност за континуираната поддршка и значајниот придонес кон македонското скијање, Скијачка федерација на Македонија ѝ додели посебна благодарница на УНИБанка за време на неодамна одржаниот Шарпланински куп. Ова признание е симбол на успешната соработка и посветеноста на УНИБанка кон спортот и младите таленти, кои преку ова партнерство добиваат подобри услови за напредок и претставување.

УНИБанка АД Скопје докажа дека верува во македонскиот спорт и во потенцијалот на нашите скијачи. Овој ангажман е јасен показател за посветеноста кон спортската заедница и придонесот кон создавање на услови за долгорочен развој и просперитет во зимските спортови.

#MkdSki – Заедно до нови, поголеми успеси!

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија #UNIBski

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Фондот за иновации се спојува со Агенцијата за поддршка на претприемништвото

ФИТР ќе се спои со Агенцијата за поддршка на претприемништво

На вчерашната седница на Владата беше разгледан и усвоен предлогот за спојување на Фондот за иновации и технолошки развој со Агенцијата за поддршка на претприемништво. Оваа реорганизација има за цел да го подобри иновативниот екосистем во земјата и да овозможи посилна поддршка за претприемачите.

Министерството за образование и наука доби задача во рок од 10 дена да формира работна група. Во неа ќе учествуваат претставници од Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, и другите засегнати органи. Групата ќе подготви нов закон или измени на постоечкиот Закон за иновациска дејност.

Со оваа иницијатива се очекува да се создаде пофлексибилна структура која ќе овозможи ефективно управување со ресурсите и поттикнување на иновациите и претприемничките активности во Македонија. Владата верува дека спојувањето на овие две институции ќе донесе значајни придобивки за националната економија.

Тагови: Влада на РСМ Министерство за образование и наука (МОН) Фонд за иновации и технолошки развој (FITR) Агенцијата за поддршка на претприемништво

Промовирани огласи »

Ноќните птици и депресијата: Зошто легнувањето доцна има своја цена?

Ако си ноќна птица – не е крај на светот. Но, можеби е време да посветиш малку повеќе внимание на начинот на кој го организираш денот и ноќта.

Дали си личност што останува будна до доцна и ужива во тишината на ноќта? Истражување од Универзитетот во Сари открива дека вечерните хронотипови – луѓе кои природно функционираат подобро ноќе – имаат значително повисок ризик од симптоми на депресија.

Во истражувањето учествувале над 270 студенти, кои ги оценувале своите спиечки навики, ментално здравје и ниво на свесност (mindfulness). Анализата покажала дека оние со „ноќен ритам“ не само што полесно паѓаат во негативни мисловни обрасци (руминација), туку и поретко спијат доволно квалитетно.

Интересно е што депресивните симптоми не биле директно поврзани само со тоа колку доцна легнуваат, туку со комбинацијата од нарушен сон, зголемена потрошувачка на алкохол и ниска свесност за сопствените мисли и емоции. Тоа создава „ментален замор“ кој се таложи и го зголемува чувството на анксиозност и тага.

Сепак, истражувачите не носат само лоши вести. Тие истакнуваат дека факторите поврзани со депресијата кај ноќните хронотипови не се трајни и можат да се менаџираат. Практикување на свесност, особено техники кои помагаат да се забележуваат и разбираат сопствените мисли, може да помогне во намалување на симптомите. Исто така, подобрување на спиечката рутина и намалување на алкохолот се едноставни чекори што можат да донесат вистинска промена.

Ова истражување е особено релевантно за младите, бидејќи токму тие најчесто имаат вечерен ритам и се соочуваат со најмногу притисоци од академски, социјален и професионален карактер. Ако си ноќна птица – не е крај на светот. Но можеби е време да посветиш малку повеќе внимание на начинот на кој го организираш денот и ноќта.

Тагови: ментално здравје стрес на работно место

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »