Промовирани огласи »

Продолжен викенд под жешки температури – еве ја прогнозата!

Во наредните денови не очекува вистински летен бран, со температури кои ќе се искачуваат и до 37°C

Во наредните денови не очекува вистински летен бран, со температури кои ќе се искачуваат и до 37°C. Иако времето претежно ќе биде сончево и топло, попладневните часови ќе носат одредена нестабилност, особено во некои региони од земјата.

📅 Четврток, 5 јуни

Денот ќе започне со сончево време и мала до умерена облачност, а температурите ќе се движат од 9°C до 16°C во утринските часови, со максимуми меѓу 26°C и 35°C. Во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можно е и изолирано невреме со појава на град.

📅 Петок, 6 јуни

И понатаму ќе преовладува сончево и многу топло време, со температури од 10°C до 17°C наутро и до 36°C во текот на денот. Попладне, нестабилноста ќе биде изразена претежно во источните делови, каде што се очекува локален пороен дожд со грмежи и краткотрајно невреме.

📅 Сабота, 7 јуни

Уште потопло! Температурите ќе се движат од 11°C до 19°C во утринските часови и ќе достигнат до високи 37°C во текот на денот. Времето ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец, што ќе го засили летниот впечаток.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

06.06.2025 Петок   22° / 28° 06:02   21:06
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h

















28°
27°
26°
24°
23°
22°
22°

3

2

2

1

1

1

1
07.06.2025 Сабота   18° / 33° 06:02   21:07
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
21°
20°
19°
19°
19°
18°
19°
21°
23°
25°
27°
29°
31°
32°
33°
33°
33°
32°
32°
30°
28°
27°
26°
25°

2

2

1

1

1

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

3

4

4

3

2

1

2

2

2
08.06.2025 Недела   20° / 35° 06:02   21:08
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
24°
23°
22°
21°
21°
20°
21°
22°
24°
27°
29°
30°
32°
33°
34°
34°
35°
34°
34°
32°
29°
28°
27°
26°

2

1

1

1

1

1

1

1

1

2

2

3

3

3

3

4

3

3

3

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

ДАЛИ ЌЕ ПОСКАПИ СТРУЈАТА? Бислимоски ја реши мистеријата

Решена е мистеријата

Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги  и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски.

Тој појаснува дека од пред година и половина цените за пренос и дистрибуција отсега ќе се определуваат во ноември и декември.

А кога ќе ги определиме нив ќе мора да ја определиме цената на универзалниот снабдувач имајќи во предвид дека и тогаш ќе се распишува тендер, рече Бислимовски во Топ Тема на ТВ Телма.

Тој говореше и за евентуалната промена на цената на електричната енергија.

Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, вели Бислимовски. 

Според него факт е дека во последните години ЕСМ започна да увезува јаглен и тоа  влијае на производната цена на ЕСМ.

Тагови: ЕСМ сметки за струја Марко Бислимовски

Промовирани огласи »

БУГАРИТЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ОСИРОМАШУВАЊЕ: Најсиромашната земја во ЕУ го прифаќа еврото

Дали бугарската економија ќе стане посилна?

Бугарија е подготвена да го прифати еврото на 1 јануари 2026 година, откако ќе ги исполни сите потребни критериуми, објави Европската комисија во средата во својот Извештај за конвергенција за 2025 година.

Извештајот, подготвен на барање на бугарските власти, потврди дека земјата ги исполнува четирите номинални критериуми за конвергенција потребни за усвојување на еврото и дека нејзиното законодавство е усогласено со правилата на ЕУ, објави агенцијата Анадолија.

Ова означува критичен и историски чекор на патот на Бугарија кон усвојување на еврото, соопшти комисијата, додавајќи дека економијата на земјата е доволно подготвена за интеграција во еврозоната.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави развојот на настаните, велејќи дека Бугарија сега е еден чекор поблиску до усвојување на еврото како своја валута.“

Благодарение на еврото, бугарската економија ќе стане посилна, со поголема трговија со партнерите од еврозоната, странски директни инвестиции, пристап до финансии, квалитетни работни места и реални приходи, рече таа.

Бугарија ќе стане 21-ва членка на еврозоната, во исчекување на конечната одлука од Советот на ЕУ. Извештајот на комисијата беше објавен заедно со паралелна оценка од Европската централна банка.

Бугарија го поднесе своето официјално барање за посебен Извештај за конвергенција во февруари 2025 година.

Тагови: евро Европска Унија Бугарија

Промовирани огласи »

Осум студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари во Општина Центар

Осум студенти ќе добиваат платена пракса од 15 илјади денари во Општина Центар

Општина Центар информира дека во тек се интервјуата со студентите и апсолвентите кои се пријавија на јавниот повик за практикантство во општинската администрација.

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека одѕивот бил голем, што потврдува дека младите гледаат вредност и можност за развој преку институционално искуство.

Среќен сум што младите изразија желба и аплицираа за практикантство во општината. Преку ова искуство студентите ќе се запознаат со сите процеси на управување и носење одлуки. Вложуваме во квалитетен кадар кој уште од студентските денови ќе ја разбере важноста на јавниот сектор и ќе биде подготвен да придонесе за подобар Центар. Во моментов се спроведуваат интервјуата со сите кандидати, а по завршувањето ќе бидат избрани осум практиканти кои во следните шест месеци ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство во секторите на општината. Нивниот труд ќе се вреднува со месечен надоместок од 15.000 денари. Со нетрпение чекам да станат мои колеги и зааеднички да го подобруваме нашиот Центар, вели Герасимовски.

Тагови: Горан Герасимовски Општина Центар стипендија студент

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »