Промовирани огласи »

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик во САД од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна.

Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за челик во САД од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД, рече тој на митинг во Пенсилванија.

Во февруари, Трамп ги зголеми царините за челик и алуминиум на рамни 25 проценти „без исклучоци или ослободувања“ во еден од неговите први потези за да им помогне на индустриите кои се борат со странска конкуренција.

Царините ќе се применуваат на милиони тони челик и алуминиум увезени од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји кои извезуваа без царина во САД.

Тагови: Доналд Трамп САД царина челик

Промовирани огласи »

Од полноќ повеќе делови од Скопје без вода, активностите ќе завршат за помалку од 15 часа

Бидете подготвени! Ќе се врши поврзување на главниот магистрален водовод.

Утре (сабота), со почеток во раните утрински часови со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, бул.„Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, висока зона Железара и Бутел 1, поради поврзување на главниот магистрален водовод.

ЈП Водовод и Канализација - Скопје соопшти дека работните актовности се очекува да завршат за помалку од 15 часа, во кои најмногу часови се одвојува за празнење и полнење на магистрален цевковод.

Во сабота (31 мај) со отпочнување во 00:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за која цел е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат. Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намлување на загубите на вода, се наведува во соопштението.

Со реализација на овој проект, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје, ќе се подобрат хидрауличките услови во водоводната мрежа, со монтирање на игличест регулационен вентил во ново изведената мерно регулациона шахта со пропратна хидротехничка опрема, како и поврзување на постоечкиот магистрален цевковод ф 1600 мм кај Железара, со постоечкиот магистрален цевковод ф 700 мм на бул.„Александар Македонски“ кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф 1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф 700мм,кој ќе биде поставен по должинта на новопредвидениот бул.„Хрватска“.

Со ваквото поврзување ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен за поврзување на двата маистрални цевководи во градот Скопје, посочуваат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје.

Согласно Оперативниот План за реализација на активностите, ЈП Водовод и Канализација -Скопје, превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.

Во процесот на активности, првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод, со тим од осум екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација - Скопје

Тагови: Скопје ЈП Водовод и Канализација

Промовирани огласи »

За првпат изведена микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда во Македонија

За прв пат ваква интервенција изведена во Македонија.

Микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда за првпат е изведена во ГОБ „8 Септември“ во Скопје денес од страна на одделот за интервентна радиологија, под прокторство на проф. Булент Чекич од Анталија, Турција, информираше директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

„На четирите интервенции претходеа работилница и обука, означувајќи значаен напредок во третманот на тироидни заболувања во Македонија, земја со висока преваленца на овие состојби.

MWA е минимално инвазивна техника со повеќе предности:

• Без хирургија: Не бара општа анестезија и не остава лузни.

• Брзо закрепнување: Се изведува во дневна болница, а пациентите се отпуштаат по неколку часа.

• Зачувување на тироидната функција: Здравиот дел од жлездата останува недопрен, намалувајќи ја потребата од доживотна хормонска терапија.

Оваа метода, заедно со етанолската аблација, ќе биде дел од минимално инвазивните процедури за третман на тироидни нодули во ГОБ „8 Септември“. Воведувањето на MWA е значајно за подобрување на ефикасноста на здравствениот систем и квалитетот на живот на пациентите.

Честитки до тимот на ГОБ „8 Септември“ за овој напредок!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.

Тагови: Микробрановата аблација ГОБ „8 Септември“ ФЗО

Промовирани огласи »

Вработување во Офис Плус, Зегин, Силк Роуд Банка!

Огласи за работа во Офис Плус, Зегин, Силк Роуд Банка!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО CALL CENTAR ЗА ПРОДАЖБА

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО КРИВА ПАЛАНКА
МАГАЦИОНЕР ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

LUSH Macedonia - свежа рачноправена козметика.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО CITY MALL

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

 

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
КООРДИНАТОР НА ГРУПА ЗА ЛОГИСТИКА (НА ОБУКА)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – ГТЦ
ХАУС МАЈСТОР
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - КАМ МОЛ - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СТРУГА NABIZI ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.

Моментално вработува:

ПРОЦЕНИТЕЛ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ
БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ТЕТОВО

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »