Промовирани огласи »

За првпат изведена микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда во Македонија

За прв пат ваква интервенција изведена во Македонија.

Микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда за првпат е изведена во ГОБ „8 Септември“ во Скопје денес од страна на одделот за интервентна радиологија, под прокторство на проф. Булент Чекич од Анталија, Турција, информираше директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

„На четирите интервенции претходеа работилница и обука, означувајќи значаен напредок во третманот на тироидни заболувања во Македонија, земја со висока преваленца на овие состојби.

MWA е минимално инвазивна техника со повеќе предности:

• Без хирургија: Не бара општа анестезија и не остава лузни.

• Брзо закрепнување: Се изведува во дневна болница, а пациентите се отпуштаат по неколку часа.

• Зачувување на тироидната функција: Здравиот дел од жлездата останува недопрен, намалувајќи ја потребата од доживотна хормонска терапија.

Оваа метода, заедно со етанолската аблација, ќе биде дел од минимално инвазивните процедури за третман на тироидни нодули во ГОБ „8 Септември“. Воведувањето на MWA е значајно за подобрување на ефикасноста на здравствениот систем и квалитетот на живот на пациентите.

Честитки до тимот на ГОБ „8 Септември“ за овој напредок!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.

Тагови: Микробрановата аблација ГОБ „8 Септември“ ФЗО

Промовирани огласи »

Вработување во Офис Плус, Зегин, Силк Роуд Банка!

Огласи за работа во Офис Плус, Зегин, Силк Роуд Банка!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО CALL CENTAR ЗА ПРОДАЖБА

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО КРИВА ПАЛАНКА
МАГАЦИОНЕР ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

LUSH Macedonia - свежа рачноправена козметика.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО CITY MALL

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

 

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ
КООРДИНАТОР НА ГРУПА ЗА ЛОГИСТИКА (НА ОБУКА)
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЦАРИНСКИ ДЕКАЛАРАНТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ – ГТЦ
ХАУС МАЈСТОР
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - КАМ МОЛ - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ РАМСТОР
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СТРУГА NABIZI ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал.

Моментално вработува:

ПРОЦЕНИТЕЛ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ
БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ТЕТОВО

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Што да направите и што да избегнете при преговори за првата плата

Грешката што 90% од младите ја прават при преговарање за првата плата

Првата плата е повеќе од бројка – таа е основа за вашата иднина, самодоверба и позиција на пазарот на труд. Но, многу кандидати се плашат да преговараат, особено кога сѐ уште немаат искуство. Добрата вест е: можете да преговарате, дури и како почетник – само треба да знаете што правите.

Што да направите:

1. Истражете ја просечната плата за позицијата

Пред интервју, истражете колкава е платата за слични позиции во индустријата, регионот и нивото на искуство. Користете платформи како KARIERA.mk, Paylab или зборувајте со луѓе од индустријата.

Знаењето е моќ – и аргумент во преговорите.

2. Почекајте ја понудата пред да зборувате за пари

Не ја спомнувајте платата први – оставете работодавачот да го каже првиот број.

Ако ја откриете вашата очекувана плата прерано, можеби ќе си го намалите просторот за договор.

3. Изразете ја вредноста, не само желбите

Место да кажете „Сакам 600 евра затоа што ми требаат“, објаснете што носите на маса: вештини, едукација, интерншип искуство, страст за учење.

Пример: „Верувам дека моето практично искуство со X алатки и желбата да се развивам во оваа индустрија може да придонесе за вашиот тим од првиот ден.“

4. Прашајте и за други бенефити

Ако платата е фиксирана, прашајте за:

  • Флексибилно работно време
  • Дополнителна обука или менторство
  • Покриени трошоци за превоз или храна

Понекогаш вкупниот пакет вреди повеќе од самата плата.

Што да избегнете:

1. Немој да кажеш „Ќе прифатам што и да понудите“

Ова ја покажува вашата несигурност. Дури и ако навистина ви треба работата, покажете дека знаете колку вредите.

2. Не се преценувај (ниту потценувај)

Премногу висока сума може да ги одврати, а премногу ниска – да ве заклучи со лоша плата подолго време.

Проценете ја пазарната вредност – и поставете разумен опсег.

3. Не преговарајте агресивно

Целта е партнерство, не борба. Настапете со самодоверба, но со почит и фокус на заедничка добивка.

 „Би сакал да разговараме за можност за подобар пакет, доколку е изводливо.“

4. Не ја прифаќај веднаш понудата (освен ако е идеална)

Слободно побарајте време да размислите.

„Благодарам на понудата, дали може да ја разгледам и да ви се јавам утре со конечен одговор?“

Запомнете – преговарањето не е дрскост, туку знак на зрелост и професионализам. Дури и ако понудата е фиксна, вашето преговарање ве позиционира како личност која знае што сака и знае да комуницира вредност.

Не знаете као да го составите вашето мотивациско писмо, прочитајте и за: Како да напишете ефективно мотивационо писмо – чекор по чекор

Тагови: HR зголемување на плата плата совети за работа

Промовирани огласи »

КОЈ САКА ДА БИДЕ ПОЖАРНИКАР? Се отвараат 400 работни места за оваа позиција во Македонија

Ќе успее ли Владата навремено да ги спречи пожарите кои, допрва доаѓаат?

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.

Како што соопштија денеска од владината прес - служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.

Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба, се наведува во соопштението.

Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво.

Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани. Како Влада остануваме целосно посветени во носење на одлуки и проекти во интерес на граѓаните. Здравата животна средина и заштита на здравјето на граѓаните, но и заштита од вакви катастрофални појави во летниот период е наш приоритет. Владата работи на целосна трансформација на државата, се додава во соопштението од владината прес-служба. 

Тагови: Влада на РСМ пожари пожарникари

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »