Промовирани огласи »

Нема повеќе печати во пасошите: ЕУ воведува нов систем за влез и излез!

ЕУ воведува нов Систем за влез/излез (EEС), централизирана дигитална база на податоци која ќе ја замени старата практика на печати во пасошите.

Што претставува EEС и кого опфаќа:

ЕУ воведува нов Систем за влез/излез (EEС), централизирана дигитална база на податоци која ќе ја замени старата практика на печати во пасошите. Системот ќе го евидентира датумот, времето и местото на влез и излез за сите државјани од трети земји, вклучително и граѓаните на Македонија – без разлика дали патуваат со или без виза. EEС ќе го пресметува времетраењето на дозволениот престој и автоматски ќе алармира при негово надминување.

Биометриски податоци и дигитализација:

При прв влез во ЕУ, патниците ќе бидат фотографирани или ќе им бидат земени отпечатоци од прсти. Овие податоци ќе се чуваат дигитално и ќе се користат при секое следно влегување и излегување. Целта е да се елиминира можноста за манипулации со пасошки печати и нерегистрирани престои.

Постепено воведување:

Системот ќе се воведува фазно во период од 6 месеци. Во првите два месеци ќе функционира без собирање биометриски податоци, потоа најмалку 50% од граничните премини ќе мора да користат биометрија, а до крајот на транзицијата, EEС ќе биде целосно активен на сите гранични премини. До тогаш, печатите во пасошите ќе се користат паралелно.

Тагови: EEC Пасош

Промовирани огласи »

Огласи за работа во Охрид!

Најновите огласи за работа во Охрид!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции во Охрид на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Охрид, еден од најубавите и најпосетуваните градови во Македонија, нуди многу можности за вработување во различни сектори. За да го пронајдете вашето идеално работно место во Охрид, посетете го нашиот веб сервис KARIERA.mk, како и на нашите социјални мрежи каде многу работодавци објавуваат отворени позиции.

Касиери/ки - Охрид
Account Manager - Охрид/Струга
Customer Service Representative
Маркетинг Специјалист
Оператор/ки - Охрид

Сите останати работни места за во Охрид можете да ги најдте ТУКА.

Прочитајте и за: Најновите огласи за работа во Битола!

Промовирани огласи »

Имате неискористени денови од стариот одмор? Еве која е вашата законска обврска

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право . Уставот на Република Македонија става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор, со определбата дека од ова право вработениот не може да се откаже. Доследно на ова, евентуална изјава со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор, односно од правото на паричен надомест за годишен одмор (што му следува доколку не го искористи) , во правна смисла е ништовна, а тоа значи не произведува правно дејство. Со други зборови –секоја изјава што би ја потпишале дека се откажувате од годишен одмор или од правото да бидете платени – нема да важи на суд. Истото се однесува и за евентуална спогодба меѓу работодавачот и работникот.

Минимално и максимално траење на годишен одмор

Работникот има право од платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи најмногу до 26 дена. Тоа значи дека иако во договорот за вработување не е внесена посебна клаузула за годишен одмор, според важечките Колективни договори и за приватниот и за јавниот сектор кои се однесуваат на сите компании, независно дали се или не се негови потписници законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена, а максимумот е 26 работни дена.

Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.

Годишен одмор со скратено работно време

Работникот кој е пријавен со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена

Користење на годишниот одмор

Според Законот годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.

Исто така работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето

Во годишен одмор не се пресметуваат:

Како други случаи на оправдано отсуство од работа што не се пресметуваат во годишен одмор се и деновите на платено отсуство (поради смртен случај, полагање на стручен испит за потребите на работодавачот, елементарни несреќи и сл.) , како и неплатено отсуство до три месеци во календарската година ( селидба и други приватни потреби).

Доколку се случи боледување за време на годишниот одмор работникот нема право да го продолжи одморот. Според ЗРО како ден на годишен одмор се смета секој ден на конкретниот работник одреден според распоредот на работното време кај работодавачот. Со други зборови ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни во годишниот одмор се пресметуваат само 4 работни дена неделно.

Право на цел годишен одмор

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Префрлување на цел одмор

Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете – може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

Тагови: HR работнички права слободни денови

Промовирани огласи »

Заборавате задачи? Овие 3 техники ќе ви ја спасат продуктивноста

Продуктивните луѓе никогаш не ја забораваат оваа едноставна навика

Во денешниот динамичен работен ден, лесно е да заборавите на мали но важни задачи. Пречекорени рокови, пропуштени состаноци или заборавени детали можат значително да ја намалат вашата продуктивност и да создадат стрес. Добрата вест? Можете да ја тренирате и подобрите вашата меморија со неколку едноставни техники.

1. Методот на „работни блокови“ (Time Blocking)

Наместо да се обидувате да се сетите што сè треба да завршите во текот на денот, планирајте го времето однапред. Поделете го денот во блокови и секој блок нека биде посветен на конкретна задача. Ова не само што ви помага да не заборавите, туку и го подобрува фокусот и елиминира мултитаскингот, кој често ја намалува ефективноста.

2. Правило на 2 минути – направи го сега!

Ако нешто може да се заврши за 2 минути – направете го веднаш. Малите задачи се најчесто тие што ги забораваме. Со ова правило, ќе ги елиминирате „ситните“ задоцнувања и ќе ослободите простор во умот за поголеми и поважни проекти.

3. Техника на визуелизација и асоцијации

Нашиот мозок подобро памети слики отколку зборови. Кога треба да запомните нова задача, обидете се да ја поврзете со визуелна слика или со нешто што ве асоцира. На пример, ако треба да пратите важен мејл до колега по состанокот, замислете како по состанокот „си праќате порака на себе“. Оваа техника ја зајакнува меморијата преку креативно размислување.

Заборавањето задачи не е знак на неспособност, туку сигнал дека ви треба подобар систем. Со овие три едноставни, но ефективни техники, ќе ја намалите менталната преголеменост и ќе станете поорганизирани, попродуктивни и... помалку заборавни.

И запомнете – добрата меморија не се случува случајно, туку се гради свесно!

Прочитајте и за: Burnout: Препознавање и превенција кај вработените

Тагови: HR совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »