Промовирани огласи »

Имате неискористени денови од стариот одмор? Еве која е вашата законска обврска

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право

Правото на платен годишен одмор е уставно загарантирано право . Уставот на Република Македонија става посебен акцент на неприкосновеноста на правото на одмор, со определбата дека од ова право вработениот не може да се откаже. Доследно на ова, евентуална изјава со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор, односно од правото на паричен надомест за годишен одмор (што му следува доколку не го искористи) , во правна смисла е ништовна, а тоа значи не произведува правно дејство. Со други зборови –секоја изјава што би ја потпишале дека се откажувате од годишен одмор или од правото да бидете платени – нема да важи на суд. Истото се однесува и за евентуална спогодба меѓу работодавачот и работникот.

Минимално и максимално траење на годишен одмор

Работникот има право од платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи најмногу до 26 дена. Тоа значи дека иако во договорот за вработување не е внесена посебна клаузула за годишен одмор, според важечките Колективни договори и за приватниот и за јавниот сектор кои се однесуваат на сите компании, независно дали се или не се негови потписници законскиот минимум за годишен одмор е 20 работни дена, а максимумот е 26 работни дена.

Повозрасен работник, инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење на годишен одмор.

Годишен одмор со скратено работно време

Работникот кој е пријавен со скратено работно време има право на годишен одмор со минимално времетраење од 10 работни дена

Користење на годишниот одмор

Според Законот годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување или повреда, породилен одмор или одмор за нега и чување на дете, работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.

Исто така работникот има право два дена од годишниот одмор да ги искористи во денови коишто самиот ќе ги определи, ако тоа посериозно не го загрозува работниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три работни дена пред користењето

Во годишен одмор не се пресметуваат:

Како други случаи на оправдано отсуство од работа што не се пресметуваат во годишен одмор се и деновите на платено отсуство (поради смртен случај, полагање на стручен испит за потребите на работодавачот, елементарни несреќи и сл.) , како и неплатено отсуство до три месеци во календарската година ( селидба и други приватни потреби).

Доколку се случи боледување за време на годишниот одмор работникот нема право да го продолжи одморот. Според ЗРО како ден на годишен одмор се смета секој ден на конкретниот работник одреден според распоредот на работното време кај работодавачот. Со други зборови ако во неделата работникот има 4 работни дена и три слободни во годишниот одмор се пресметуваат само 4 работни дена неделно.

Право на цел годишен одмор

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Префрлување на цел одмор

Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете – може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

Тагови: HR работнички права слободни денови неискористени

Промовирани огласи »

Какви се цените на дизелот во земјите од регионот?

Македонија со најефтин дизел од земјите во регионот.

Како последица на кризата на Блискиот Исток и воените дејствија во Иран, Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави новите, драстично зголемени, цени на горивата во Македонија.

Иако кај цената на дизелот се бележи драстично поскапување, сепак Македонија останува држава со најевтини горива во регионот.

Од ноќеска на полноќ, дизелот во Македонија се продава по цена од 85,5 денари или 1,39 евра.

Ова се цените на дизелот во другите земји во регионот:

  • БиХ – 86.38 денари (1,4 евра);
  • Бугарија – 88,23 денари (1,43 евра);
  • Словенија – 94.4 денари (1.53 евра);
  • Косово – 94.55 денари (1,55 евра);
  • Хрватска – 106.12 денари (1,72 евра);
  • Србија – 106,74 денари (1,73 евра);
  • Грција – 109.83 денари (1,78 евра);
  • Албанија – 111,06 – 121.55 денари (1,8- 1,97 евра).

Тагови: Македонија нафтените деривати Регион цени на горивата

Промовирани огласи »

Драстично поскапување: Ова се новите цени на горивата!

Ќе има ли драстично поскапување?

Денеска Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Според најновиот ценовник, од полноќ, дизелот поскапува за 14,5 денари, додека бензините за 5 денари.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар);
  • Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар);
  • Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 85,50 (денари/литар);
  • Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 82,50 (денари/литар);
  • Мазут М-1 НС - 42,586 (денари/килограм).

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени утврдени во став (1) од овој член.

Тагови: дизел Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Side hustle и „polyworking”: Сè повеќе луѓе работат по две работи

Сè повеќе луѓе работат по две работи – нов тренд или финансиска нужност?

Во последните неколку години, се појавува нов тренд на пазарот на труд – side hustle и таканареченото polyworking. Сè повеќе луѓе покрај својата основна работа имаат и дополнителна работа, проект или мал бизнис со цел да го зголемат својот приход, да развијат нови вештини или да ја следат својата страст.

Side hustle најчесто претставува дополнителна работа која се извршува во слободно време. Тоа може да биде фриленс работа, онлајн продажба, дигитален маркетинг, фотографија, изработка на ракотворби или консултантски услуги. Од друга страна, polyworking се однесува на луѓе кои истовремено работат повеќе професионални улоги, наместо да се фокусираат само на една кариера.

Зошто овој тренд станува сè популарен?

Постојат неколку причини поради кои сè повеќе професионалци се одлучуваат за дополнителна работа:

1. Дополнителен приход

Зголемените трошоци за живот ги мотивираат луѓето да бараат дополнителни извори на приходи.

2. Развој на нови вештини

Side hustle често им овозможува на луѓето да експериментираат со нови индустрии и да стекнат практично искуство.

3. Поголема финансиска сигурност

Имањето повеќе извори на приход создава чувство на стабилност и сигурност.

4. Следење на лична страст

Многумина ја користат дополнителната работа како начин да се занимаваат со нешто што навистина ги исполнува.

Како реагираат компаниите?

Додека некои компании го гледаат polyworking како ризик за продуктивноста, други го препознаваат како можност за развој на креативност и нови вештини кај вработените. Сепак, многу организации поставуваат јасни правила за да избегнат конфликт на интереси.

Предности и предизвици

Иако овој тренд носи бројни придобивки, тој може да донесе и одредени предизвици. Управувањето со време, балансот меѓу работата и приватниот живот, како и ризикот од професионален burnout, се само дел од факторите на кои треба да се внимава.

Иднината на polyworking

Со растот на дигиталните платформи и фриленс економијата, експертите предвидуваат дека polyworking ќе стане сè почест модел на работа. Наместо една традиционална кариера, сè повеќе луѓе ќе избираат комбинација од повеќе професионални улоги кои им носат финансиска стабилност и лична исполнетост.

Во свет каде што работата постојано се менува, флексибилноста и разновидноста на вештини стануваат клучни за успехот на модерниот професионалец.

Прочитајте и за: Најбараните професии во 2026 година

Тагови: HR трендови

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »