Промовирани огласи »

Најдобрите новогодишни филмови за крај на 2025 година

Никогаш нема да погрешите со овие филмови

Секоја нова година носи и нови празнични филмови што полека стануваат дел од модерната новогодишна традиција. Ниту 2025 не отстапува од трендот, со филмови што носат свежи идеи, современ пристап и празнична атмосфера блиска до модерната публика.Ако сакате нешто ново, актуелно и „тазе“, ова се пет празнични филмови од 2025 што вреди да ги ставите на листа.

My Secret Santa

Романтична комедија за самохранa мајка што се маскира како Дедо Мраз за да добие работа во зимски одморен центар – филм полн со хумор, неочекувани случки и празнична магија.

Jingle Bell Heist

Романтична комедија со необична ситуација: двајца странци планираат „празнична кражба“ во лондонски огромен трговски центар, што води до искри, романса и забавни пресврти.

A Merry Little Ex-Mas

Современа празнична романтична приказна околу семејството и втори шанси – идеална за оние што сакаат емотивни, но празнични филмови.

Unexpected Christmas

Комедија за семејни празнични празнувања што завршуваат во хаос – забавна и лесна за гледање со целото семејство.

Merry Christmas, Ted Cooper!

Еден од најпопуларните 2025 празнични филмови според гледачите и критичарите – приказна за човек чии планови за Божиќ се преуредуваат низ необични случки и топли моменти.

Празничните филмови од 2025 година носат свеж пристап и приказни во кои лесно можеме да се пронајдеме. Без разлика дали барате романса, семејна топлина или лесна комедија, овие наслови се одличен избор за создавање нови празнични навики и убави спомени.

Тагови: новогодишна ноќ празници филм

Промовирани огласи »

Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско, или од 12 до 16 по грчко време. Најавени се блокади и во попладневните часови од 17 до 21 часот, односно од 18 до 22 часот по локално време.

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници за да го олеснат патувањето на граѓаните, како што беше случај и минатата седмица за Божиќ, а в сабота на заеднички состанок да ги одредат нивните следни чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

На граничниот премин Евзони, блокадата започна ден подоцна, на 1 декември откако земјоделци од северна Грција ги паркираа нивните трактори на грчката страна од границата, а речиси секојдневно во изминатиот месец на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Action 24“ се осврна и на протестите на земјоделците изразувајќи надеж дека во периодот од Нова година до Водици во вторник, земјоделците ќе ги тргнат блокадите и ќе го олеснат патувањето на граѓаните, „без големи тешкотии и непријатности“.

Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог, нагласи Мицотакис.

Додаде дека не треба да се заборави дека во Грција има речиси 400.000 професионални земјоделци, на блокадите можеби има 4.000 трактори, „но огромното мнозинство од земјоделците и сточарите не учествуваат во блокадите“. 

Тагови: Грција Евзони блокади грчките земјоделци

Промовирани огласи »

Иднината на HR: Интервју со Yardena Krongold и Gonçalo Sequeira

HR иднината во фокус: AI и човечката вредност како клуч за успех

Интервјуто отвори поширока слика за HR заедницата во Македонија, откривајќи средина во која се преплетуваат отвореноста, поврзаноста и искрената желба за заеднички раст.
Yardena Krongold и Gonçalo Sequeira споделија дека уште при првиот контакт почувствувале силна позитивна енергија, подготвеност за учење и искрена волја за соработка. Според нив, токму чувството на солидарност, меѓусебна поддршка и колективен дух претставува значајна предност во време кога светот станува сè поиндивидуалистички, а улогата на HR се проширува надвор од рамките на компаниите и добива пошироко општествено значење.

Говорејќи за иднината на HR, беа издвоени три клучни насоки: растечкото влијание на вештачката интелигенција, преминот од фиксни работни позиции кон пристап базиран на вештини и зголеменото значење на искуството на вработените. HR ќе има сè поголема одговорност да им помогне на организациите и луѓето да се прилагодат на AI, да препознава и развива таленти без географски ограничувања и да гради култура во која благосостојбата, ангажираноста и чувството на припадност стануваат клучни индикатори за успех. Посебно беше нагласено дека односите, довербата и човечката поврзаност остануваат вредности кои технологијата сè уште не може да ги замени.

Во делот посветен на лидерството и брендирањето, Gonçalo зборуваше за важноста на јасното и храбро позиционирање, особено кај помалите и младите компании кои често се обидуваат да им угодат на сите. Според него, токму фокусот и конзистентната, автентична комуникација создаваат авторитет и видливост, дури и со ограничен буџет. Yardena, пак, сподели пример за успешна HR пракса во која класичните евалуации биле заменети со разговори за раст, што резултирало со поголема ангажираност и подобри бизнис резултати. Заклучокот беше јасен – иднината на HR лежи во градење вистински односи, постојано учење и создавање средина во која луѓето се гледаат и вреднуваат како целосни личности, а не само како улоги.

Иднината на HR: Интервју со Yardena Krongold и Gonçalo Sequeira

Тагови: HR вештачка интелигенција

Промовирани огласи »

Вработување во СЕТЕК!

Најнови огласи за вработување во СЕТЕК!

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Кавадарци
Референт за продажба во Струга
Референт за продажба во Куманово
Референт за продажба во Скопје

Доколку се уште ја немате пронајдено вашата идеална работна позиција, сите останати акавтивни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СЕТЕК Сè од техника ДОО

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »