
(преземи го огласот како PDF)
Shield Recruitment & HR бара Градежни инженери – 20 (дваесет) работни места, за својот клиент, позната меѓународна компанија во областа на градежништвото.
Работно место: Казахстан
Работни задачи и одговорности:
- Целосна анализа на фазата на градба за потребите на компанијата – проектите;
- Ангажирање и проектирање на градби, планирани од страна на компанијата;
- Надгледување на процесот на градба и координирање на градежните активности;
- Давање професионални препораки во врска со проектите изработени од проектантските компании за потребите на компанијата;
- Извршување и други задачи поврзани со градежништвото, вклучувајќи пренесување професионални знаења кон менаџментот, подобрување на постојните проекти, учество во имплементација на проектите на компанијата и сл.;
- Организирање/поддршка во работата и давање инструкции за изведувачите на компанијата и надзор на извршувањето на нивните задачи согласно планот, организацијата на работите и поставените приоритети;
- Планирање на извршување на работите, ангажирање ресурси и надзор на работниот процес;
- Информирање на раководителите за текот на работата во согласност со потребите и барањата на работното место;
- Водење точни и редовни белешки и извештаи за завршените и планираните работи и редовно известување на раководството на компанијата;
- Примање задачи од Директорот или негов овластен заменик и нивна имплементација на работното место;
- Покрај наведените задачи и одговорности извршува и други задачи по барање на Директниот Надзорник;
- Наведените задачи и одговорности се индикативни.
Квалификации:
- Диплома од Градежен факултет;
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на градежништвото;
- Длабоки професионални познавања, одлични истражувачки, аналитички и организациски вештини;
- Познавање на стандардни компјутерски програми (MS Office, CAD, Еврокодови и соодветни програми);
- Познавање на англиски јазик;
- Добри интерперсонални вештини и способност за тимска работа;
- Само-мотивација и подготвеност за преземање одговорност;
- Добри организациски способности;
- Наведените квалификации се индикативни.
Апликација:
Сите заинтересирани можат да аплицираат преку веб-страницата на Shield Recruitment https://shieldrecruitment.org/ најдоцна до 30 септември 2025, во 16:00 часот.
Ќе бидете контактирани само доколку вашето CV биде квалификувано. Вашето CV е безбедно и се третира со целосна доверливост.
Слични огласи »