
ЕКОНОМИСТИ ВО ОДДЕЛ ЗА ПРОДАЖБА
2 работни места
Основни одговорности и задачи:
- Изработка и испраќање на документи (понуди, спецификации, договори и сл.) до купувачи
- Контактирање со добавувачи и купувачи во однос на тековните проекти
- Истражување на карактеристиките на пазарот за побарувачката за постоечки и нови производи и услуги
- Посета на добавувачи и купувачи/клиенти
- Стручна поддршка на саеми, конференции и семинари
-
Квалификации и компетенции:
- Завршен Економски факултет
- Познавање на MS Office
- Задолжително познавање на англиски јазик (германски и руски јазик се предност)
- Одлични комуникациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Способност за самостојна и тимска работа
- Посветеност, лојалност и дискреција
- Со и без работно искуство
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во креативна средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука од меѓународно признаени кадри и можност за напредување
- Можност за учество на меѓународни проекти
- Слобода за креативно размислување и идеи
- Почетна нето плата во износ од 12.000,00 до 60.000,00 денари
- Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 ч. (пауза од 10:00 до 10:30 ч. и од 13:00 до 14:00 ч.)
- Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок
- Можност за користење на организиран превоз и исхрана
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, заинтересирани сте за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера и сакате да му се придружите на нашиот успешен тим, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.
Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!
Слични огласи »