
За компанијата: Грин Машинс е македонска компанија со производен погон во Велес, која произведува возила за одржување урбана хигиена на електричен, водороден и класичен погон.
Во 2020 станавме прва компанија во светот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од работници за следниве работни места:
1. Монтажер на машини
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Извршување на монтажа на делови согласно упатство;
- Проверка и складирање на конструкција.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на читање на технички цртеж;
- Познавање на постапка за склопување согласно упатства;
- Работно искуство во монтирање на машини.
2. Работник на машинско одржување на производни машини
Опис на работа:
- Прием на налог за работа;
- Детектирање на дефект и отстранување на истиот.
Потребни квалификации:
- Минимум средно машинско образование;
- Работно искуство во одржување на машини.
3. МИГ-МАГ (CO2) заварувачи
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Проверка на апарат за заварување и поставување на параметри за заварување;
- Извршување на заварување;
- Проверка и складирање на заварената конструкција.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на читање на технички цртеж;
- Познавање на постапка за заварување;
- Работно искуство во заварување.
4. Заварувачи на обука МИГ-МАГ (CO2)
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Проверка на апарат за заварување и поставување на параметри за заварување;
- Извршување на заварување;
- Проверка и складирање на заварената конструкција.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на основни браварски работи.
5. Работник за брусење и пакување
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Отстранување на нерамнини со брусење
- Проверка и пакување на готов производ.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование;
- Познавање на основни браварски работи.
6.Работник на универзален или ЦНЦ Борверк
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Поставување на дел за обработка на/во машината;
- Вклучување, изработка на предмет и исклучување на машината.
Потребни квалификации:
- Работно искуство со управување на универзален или ЦНЦ Борверк
- Средно техничко образование или друго образование, но со искуство со работа на конвенционални машини;
- Основни познавања на технички цртеж.
Што нуди БРАКО:
- Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО.
- Можност за напредување во работата;
- Работа во Велес;
- Добар социјален пакет
Сите заинтересирани своето CV (кратка биографија), со назнака за работното место за кое аплицираат, можат да ги испратат на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] или да ги остават на капијата на БРАКО, ул. Раштански пат бр.2, Велес.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.
Слични огласи »