
За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, лиценцирана компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на:
ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР/КООРДИНАТОР
Задачи и одговорности
• Водење евиденција на влезни/излезни документи и фактури и нивна соодветна обработка
• Генерално познавање на сметководствениот систем
• Придонесува за изготвување на точни и навремени финансиски извештаи
• Врши финансиско контролирање и анализа на перформансите на компанијата
• Подготовка на проектна документација
• Следење на наплата на побарувања
• Поготовка на деловни понуди
• Усна и писмена кореспонденција со клиенти и добавувачи
• Извршување на дополнителни активности согласно потребите на компанијата
Квалификации
• ВСС - Економски факултет
• Фокусираност на резултати
• Аналитичка способност
• Добри комуникациски и организациски способности
• Задолжително познавање на Англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office
• Мотивираност за работа во динамична средина
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Слични огласи »