
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Нашиот клиент, компанија која развива и произведува иновативни, сигурни и оптимизирани производи за глобалната автомобилска индустрија и е меѓу 100-те најдобри добавувачи на автомобили во светот, бара квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата:
Финансиски контролор во оддел за контролинг (Controller)
Работни задачи и одговорности:
- Третман на трансакции за внатрешно известување според интерни принципи на управувачко сметководство (вклучувајќи анализа и соодветно аплицирање на внатрешните процедури за извештаите до менаџментот),
- Комуникација со останатите оддели и трети страни,
- Подготовка на извештаи за раководството, вклучително и нестандардни анализи на трошоците врз основ на барањата и тековните потреби на компанијата,
- Води грижа за проектното и инвестициско евидентирање на сметководствени трансакции по одделни трошковни центри,
- Развивање, спроведување и обезбедување усогласеност со внатрешните политики и процедури,
- Тековни проекти за контрола, вклучително и надзор и проценка на постојните процеси и предлагање нови поефикасни процеси,
- Поддршка на целокупните процеси на планирање, известување и усогласеност.
Образование, искуство, вештини:
- Високо образование од Економски Факултет (сертификат за: сметководство, ревизија или финансиско сметководство ќе се смета за предност),
- Искуство во производна компанија на слична позиција ќе се смета за значајна предност,
- Искуство во управување со проекти ќе се смета за предност,
- Способност за активно, ефективно, ажурно и брзо работење,
- Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност,
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори), познавање на германски јазик ќе се смета за предност,
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail),
- Искуство во работа во SAP ќе се смета за предност.
Понуда:
- Конкурентен пакет за наградување, приватно здравствено осигурување
- Одлична можност за континуирано учење, личен раст и професионален развој и напредок
- Можност да се работи во групациски рамки, со интернационална изложеност
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на линкот,
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. За повеќе информации јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Со аплицирање за оваа работна позиција, вие сте согласни да го задржиме вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси.
Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано во нашата база на кандидати, наведете го тоа во Вашата електронска порака.
Слични огласи »