Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 79 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување на договорот) на работно место стручен соработник во Одделение за развој и енергетски решенија во Сектор за развој во рамки на Дирекцијата за развој и инвестиции во „Макпетрол“ АД. – Скопје.
Основни работни задачи и одговорности:
- Следење на потрошувачката на електрична енергија на Макпетрол АД Скопје;
- Имплементација на стандардот за енергетска ефикасност ISO 50001:2018;
- Следење на законска регулатива, Закон за енергетика, Закон за енергетска ефикасност и подзаконски акти;
- Надзор при изведба на објекти, фаза електрика;
- Проектирање на фаза електрика;
- Изготвување на технички решенија и документација за приклучоци на дистрибутивната мрежа на Електродистрибуција ;
- Изготвување на анализа на потрошувачката на електрична енергијана Макпетрол АД Скопје и анализа за цената на берзите на електрична енергија.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено високо образование – Факултет за електротехника и информатика;
- Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
- Познавање на законските прописи за енергетска ефикасност;
- Познавање на законските прописи поврзани со дистрибуција на електрична енергија;
- Познавање на законските прописи поврзани со производство на електрична енергија од обновливи извори;
- Познавање на стандардот ISO.50001:2018;
- Познавање на англиски јазик.
Работно време:
Неделното работно време е од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.
Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно.
Работата за време на неработни денови, празници, ноќната работа и прекувремена работа се плаќаат дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи и сите законски додатоци како што се минат труд, работа во недела и други предвидени надоместоци.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование;
- Копија од други лиценци/дипломи (доколку е потребно).
Потребните документи да се достават на е – пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]