Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Оператор во магацин

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ОПЕРАТОР ВО МАГАЦИН

БРОЈ НА ОТВОРЕНИ ПОЗИЦИИ: 10

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием на материјали
  • Управување со материјали: следење на сите движења на материјалите во компанијата
  • Сместување на материјалите на залиха
  • Доставување на материјалите од залиха
  • Снабдување на производната линија со потребните материјали
  • Управување со отпад

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно образование од техничките науки
  • Валидна лиценца за возење на виљушкар ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство во Магацин во производствена средина
  • Познавање на регулативите за здравје и безабедност при работа
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Безбедна и здрава работна околина како и лична заштитна опрема според највисоки европски стандарди за безбедност и здравје при работа во таква средина
  • Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 17.11.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »