
За компанијата:
DB Schenker from horse-drawn carriages to freighter drones, we have a lot of experience and many stories to tell. As logistics people, we’re used to a fast pace and accelerate our services each year.
повеќе за компанијата »Референт за организација на авионски транспорт
ДБ Шенкер Македонија, централа
ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.
Работно место: Референт за организација на авионски транспорт (во рамки на одделението за авионски транспорт, локација- ДБ Шенкер Централа-Скопје)
Вашите задачи:
- Комплетна организација на авио транспорт – од давање на понуда, преку координирање и комуникација со субјектите поврзани во транспортот, до издавање на фактура
- Активна соработка и комуникација со колегите (локално и глобално) при извршување на планираните активности
- Одговорно водење и следење на авио пратките,и редовно известување на клиентите
- Прибирање информации за нови и постоечки клиенти и пазари – исто така и за потенцијални клиенти
- Согледување/Истражување на пазарот и конкурентите
- Активен придонес во резултатите на одделението преку давање на мерки за подобрување, како и проширување на портфолиото на клиенти
Вашиот профил:
- Искуство во организација на авионски транспорт на стока е предност, но не е одлучувачко
- Познавање на правилата и процесите за организација на (авио) транспорт и познавање на пазарот
- Диплома за завршено средно или високо образование
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлични компјутерски вештини за Microsoft Office пакетот
Вашите способности:
- добри комуникациски вештини
- тимски ориентирана личност
- силна посветеност на работата
- желба за постигнување на високи резултати и нови достигнувања
- желба за придонес во развојот на одделението и компанијата
- одговорност, организираност, проактивност
Нашата понуда:
- организиран превоз до/од работа
- привлечна плата и бенефиции (квартални бонуси, јубилејни награди и др)
- фиксно работно време – Пон – Пет 08:00-16:00 ч
- хибриден модел за работа (работа од канцеларија и од далечина)
- можност за развој во рамки на компанијата, локално и глобално
- обуки за личен и компаниски развој
- одлична работна средина и тим за работа
- целосен онбординг - обука и менторство
- работа во една од водечките глобални компании за транспорт и логистика
Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве молиме испратете ни ja Вашата кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]
Краен рок за пријавување: 25.08.2023 .
*Ви благодариме однапред за Вашата апликација. Ќе ги контактираме само кандидатите чиј профил (искуство, достигнувања, образование) најмногу одговара на позицијата.
Со испраќање на Вашата апликација, се согласувате да ги користиме Вашите лични податоци, кои кај нас се безбедни, доверливи и ќе бидат искористени исклучиво за процесот на вработување.
https://www.dbschenker.com/mk-mk

Слични огласи »