Друштвото за ревизија РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје објавува: О Г Л А С за пополнување на слободно работно место ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР
Работниот однос ќе се заснова, со полно работно време со 40 часа неделно, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.
Работодавачот нуди:
- Дополнително приватно здравствено осигурување;
- Компетитивна нето плата;
- Можност за доквалификации;
- Пријатна работна атмосфера;
- Работно време од 09:00 до 17:00 ч.
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено (ВСС - Економски факултет);
- Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office);
- Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
- Со работно искуство најмалку 5 години;
- Лиценца за овластен ревизор.
Потребни документи:
- Писмо за интерес;
- Биографија (CV);
- Уверение за завршено високо образование;
- Уверение за овластен ревизор.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.За повеќе информации побарајте нè: 02/3088-900.
РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје, Ул. Орце Николов бр. 190 Скопје