Референт за администрација и финансии

Објавенпред 2 часа
Активен до20.11.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Телефон(+389) 023 246 810
Веб-страницаhttps://maksat.mk

Опис на огласот

Референт за администрација и финансии

Максат ДОО – Скопје има потреба од референт за администрација и финансии за извршување на тековни административни, финансиски и сметководствени задачи.

Работно место: Скопје, Визбегово

Превоз: Организиран

Опис на работни задачи:

  • Внесување и обработка на финансиска и сметководствена документација
  • Изготвување на извештаи и финансиски евиденции
  • Водење, евидентирање, организирање и архивирање на фактури, договори и друга деловна документација на компанијата
  • Подготовка и евидентирање на патни налози
  • Следење на законски прописи и рокови и поддршка на сметководствениот тим
  • Водење и чување на договорите за вработените и придружната кадровска евиденција
  • Водење и ажурирање на евиденцијата за возниот парк на компанијата
  • Комуникација со клиенти и добавувачи
  • Извршување и на други административни задачи поврзани со работното место, по налог на претпоставениот

Потребни квалификации:

  • Завршено средно или високо образование од областа на економија/сметководство
  • Претходно работно искуство во администрација и финансиско работење
  • Одлично познавање на работа со MS Office пакетот (Word, Excel)
  • Организираност, прецизност и одговорност
  • Способност за тимска работа и почитување на процедури и рокови

Услови:

  • Работно време: 08:30 – 16:30 ч. (Понеделник – Петок)
  • Бонуси и исплата на К-15
  • 20 дена годишен одмор
  • Работа во стабилна компанија и во објект со современи услови за работа
  • Можност за напредување и професионален развој

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе