Струјата во Македонија меѓу најскапите во Западен Балкан

Новите податоци на Eurostat покажуваат дека Македонија е веднаш зад Србија и Албанија по цена на електричната енергија за домаќинствата.

Македонија се наоѓа меѓу земјите со највисоки цени на електричната енергија за домаќинствата во Западен Балкан, покажуваат најновите податоци на Eurostat за првата половина од 2026 година. Според анализата, цените во регионот останале речиси непроменети во однос на претходниот период.

Највисока цена на струјата е регистрирана во Србија и Албанија, каде домаќинствата плаќаат по 11,9 евроценти за 100 kWh. Веднаш зад нив е Македонија со 11,6 евроценти, додека во Црна Гора цената изнесува 10,3, а во Босна и Херцеговина 9,9 евроценти.

Eurostat ги прави овие споредби врз основа на домаќинства со годишна потрошувачка од 2.500 до 4.999 kWh, при што предвид се земаат и номиналните цени и куповната моќ на граѓаните. Податоците укажуваат дека, и покрај стабилизацијата на цените, товарот врз домашните буџети во регионот останува значителен.

Тагови: Балкан Евростат сметки за струја

Што му се случува на организмот кога спиете помалку од 6 часа?

Еве како тоа влијае врз вашиот организам

Доцното легнување, долгите работни денови и постојаното користење телефони сè почесто го скратуваат времето за спиење. Иако многумина сметаат дека можат нормално да функционираат со пет или шест часа сон, недоволниот одмор може да има сериозни последици врз организмот, особено ако станува секојдневна навика.

Според здравствените препораки, на повеќето возрасни лица им се потребни најмалку 7 часа сон во текот на ноќта. Кога редовно спиете помалку од 6 часа, организмот нема доволно време за целосно закрепнување, а последиците можат да се почувствуваат на повеќе начини.

Се намалуваат концентрацијата и меморијата

Недостатокот на сон ја отежнува концентрацијата, го забавува времето на реакција и влијае врз способноста за помнење и донесување одлуки. Поради тоа, дури и вообичаените секојдневни задачи можат да станат потешки.

Се зголемува апетитот

Недоволното спиење може да влијае врз хормоните што го регулираат гладот и ситоста. Како резултат на тоа, може да се зголеми желбата за храна, особено за калорични оброци, што на долг рок може да придонесе за зголемување на телесната тежина.

Се нарушува расположението

Луѓето кои не спијат доволно почесто се соочуваат со раздразливост, нервоза, намалена толеранција на стрес и промени во расположението. Долготрајниот недостаток на сон е поврзан и со поголем ризик од анксиозност и депресија.

Се зголемува ризикот од здравствени проблеми

Истражувањата покажуваат дека хроничниот недостаток на сон е поврзан со зголемен ризик од висок крвен притисок, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес тип 2.

Имунолошкиот систем може да ослабне

Сонот е важен за правилното функционирање на имунолошкиот систем. Кога не спиете доволно, организмот може потешко да се справува со инфекции и да закрепнува од болести.

Колку часа сон му се потребни на организмот?

За повеќето возрасни лица на возраст од 18 до 60 години се препорачуваат најмалку 7 часа сон секоја ноќ. Покрај времетраењето, важни се и квалитетот на сонот и редовниот распоред на спиење.

За подобар одмор, експертите советуваат легнување и будење во приближно исто време, ограничување на користењето електронски уреди пред спиење и избегнување кофеин во доцните попладневни и вечерни часови.

На крајот, спиењето не е изгубено време, туку една од основните потреби на организмот. Неколку дополнителни часа одмор можат да направат голема разлика во тоа како се чувствувате и функционирате во текот на денот.

Тагови: здравје ментално здравје организам сон спиење

Најнови огласи за работа во КАМ Маркет!

Нови кариерни можности во КАМ Маркет!

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ стои внимателно избран асортиман од над 1700 производи со повеќе од 600 производи од приватни трговски марки.

Моментално отворени позиции:

Раководни лица - Струмица
Електричар
Касиери/ки - Порта Влае
Возач со Ц категорија - Свети Николе
Магацински работници - подготвувачи на роба - нас.Илинден

Сите останати огласи од КАМ можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Кам Доо Илинден

Подкастот „НА КАДЕ ОДИМЕ?“ ја започнува својата четврта сезона! По три сезони исполнети со инспиративни гостувања, искрени разговори и различни професионални приказни, продолжуваме таму каде што застанавме  со желба да отвораме важни теми, да поставуваме прашања и да слушнеме различни перспективи.

И оваа сезона ве очекуваат разговори со луѓе кои имаат што да раскажат, искуства од кои може да се научи и ставови што поттикнуваат на размислување. Ќе зборуваме за кариерата, професионалните предизвици, личниот развој, амбициите, промените, успесите, но и за оние моменти и одлуки што не секогаш се гледаат зад една успешна приказна.

Веруваме дека секој професионален пат има своја приказна, секоја одлука носи нова насока, а зад секое искуство се крие лекција што вреди да се сподели. Токму затоа, „НА КАДЕ ОДИМЕ?“ продолжува да биде простор за отворени разговори, нови идеи и прашања на кои не секогаш има едноставни одговори.

А кој ќе биде нашиот прв гостин во четвртата сезона? 

Тоа ќе го дознаете утре во 19:00 часот!

Подгответе се за нови епизоди, интересни соговорници и разговори што ќе ве натераат да погледнете поинаку на некои од прашањата што сите си ги поставуваме.

Тагови: креативност НА КАДЕ ОДИМЕ поткаст работно искуство