Пракса со можност за вработување

Објавенпред еден ден
Активен до20.11.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://zk.mk/zoko-soft

Опис на огласот

Друштво за сметководствени услуги ЗОКО-СОФТ ДОО Скопје, со над 30 години традиција и искуство отвора можност за млад и мотивиран кандидат кој сака да ги направи своите први професионални чекори во областа на сметководството.

Претходно работно искуство не е потребно. Важно е да има желба за учење, одговорен пристап и интерес за сметководствената професија.

Потребни квалификации се:

  • Основно познавање на Microsoft Excel i Word
  • Кандидат што сака да учи и професионално да се усовршува
  • Одговорна, прецизна и организирана личност
  • Кандидат со сериозен пристап кон работата и подготвеност за тимска соработка
  • Економско образование е предност, но најважни ни се мотивацијата, посветеноста и желбата за напредок.

Она што нудиме е:

  • Практична обука и воведување во сметководствените процеси.
  • Поддршка и менторство од искусни колеги.
  • Стекнување практично знаења и обезбедени стручни обуки од областа на сметководственото и даночното работење.
  • Можност за долгорочно вработување по завршување на периодот на пракса, во зависност од покажаните резултати.

Надоместокот-платата за праксата ќе биде утврден/а по интервјуто кое ќе биде извршено.

Работно време од 08.00 до 16.00 ч.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу. 

Локација: Васил Ѓоргов 30/3, Скопје

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.
Други активни огласи од ЗОКО-СОФТ ДОО Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе