
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Наш клиент е Winner Life, осигурителна компанија за животно oсигурување која е дел од групацијата Vienna Insurance Group. Kако дел од оваа осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба. Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.
За своите деловни активности, Winner Life има потреба од
СМЕТКОВОДИТЕЛ - Вработување на определено време во период од 9 до 12 месеци -
Oсновни дневни задолженија:
- Книжење на изводи од банки;
- Книжење на фактури;
*Работникот нема да има обврска да прави пресметки за плати на вработените во Друштвото и нема да прави евиденција на основните средства.
Барања:
- Пожелно е најмалку една година искуство во областа на финансии и сметководство, лиценца за овластен сметководител не е задолжителна;
- Одговорна, посветена личност;
Услови:
- Вработувањето би било на определено време во период од 9 до 12 месеци.
- Работно време е од понеделник до четврток помеѓу 08.00 и 08.30 – до 16.30 односно 17.00 и петок помеѓу 08.00 и 08.30 – до 14.00 односно 14.30 часот.
- Би било идеално доколку вработувањето започне на 10.03.2019 година.
Доколку сте заинтересирани и мотивирани за оваа можност, испратете вашa кратка биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] Рок за апликација: 26 февруари 2019. Ве молиме назначете дека се пријавувате за позицијата Сметководител.
Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју. За сите прашања слободно јавете се во Executive Search Consulting на (02) 2700-425.
Слични огласи »