
За компанијата: Основан 1945 годината, постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане...
повеќе за компанијата »Клучни работни обврски:
- Го менува Техничкиот раководител на АМСМ Услуги-Лабораторија за калибрација во негово отсуство
- Изготвува упатства за работа врз база на деловниот процес
- Се грижи за почитување на заштитата на доверливите информации дефинирана во ISO/IEC 17025
- Води сметка за примена на законските прописи и други акти
- Спроведува интерни проверки според ISO стандародот
- Преставување, застапување и промоција на правното лице пред потенцијални купувачи
- Се грижи за правилно функционирање на мерната опрема според годишен план за одржување на опремата дефиниран во ISO/IEC 17025
- Подготовка и операционализација на годишна план за стручно усовршување на вработените
- Одржување на квалитетот на калибрацијата
- Одговорен за планирање на калибрацијата од целиот опсег на акредитација и вршење на калибрирање од опсегот на акредитација за кој е компетентен
- Пресметка на мерна неодреденост од опсегот на акредитација за кој е компетентен
- Потпишување/издавање на Сертификати за калибрација од опсегот на акредитација согласно Одлука за овластени потписници донесена од страна на Управителот
Потребни квалификации:
- Дипломиран Машински инженер или Дипломиран Електро насока
- Напредно познавање на MS Office
- Напредно познавање на Англиски јазик
- Претходно работно искуство во иста или слична област се смета за предност
Способности и потребни професионални вештини:
- Менаџерски вештини
- Координирачки вештини
- Продажни вештини
- Почитување на крајни рокови
- Конструктивно решавање на конфликти
Доколку сакате да ни се придружете и да станете дел од нашиот успешен тим, ја очекуваме вашата кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик во електронска форма да ни ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака РАБОТА – Заменик Технички раководител на лабораторија за калибрација, најдоцна до 04 март 2019.
Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Останати огласи »