
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Во име на наш клиент, компанија од финансиски сектор, Декра објавува оглас за позицијата:
Опис на работно место
- Предлагање на план, начин на функционирање и координација на вработените одговорни за продажба;
- Изготвување на планови за продажба;
- Следење на случувањата на пазарот на работна сила и предлагање активности за соодветно реагирање на настаните и промените;
- Следење на активностите и плановите на конкуренцијата и позицијата на друштвото на пазарот;
- Следење на остварените наспроти планираните активности и цели на продажба и подготовка на извештаи за Управниот одбор;
- Подготовка на извештаи/известувања на Управниот одбор за работата на вработените одговорни за продажба;
- Известувања на Управниот одбор за резултатите од продаќните активности;
- Усогласувања на работата на секторот во делот на продажба со останатите организациони единици во Друштвото;
- Постпродажни активности.
Потребни квалификации
- Универзитетска диплома - Економски факултет;
- Претходно работно искуство од најмалку 5 години на иста или слична позиција;
- За предност ќе се смета искуство во финансиски институции и осигурителни друштва.
Професионални знаења и способности
- Употреба на соодветни информацииони технологии;
- Солидно познавање Англиски јазик;
- Познавање на законодавството во областа на работата.
Дополнителни информации
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 28/08/2018.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани директно од страна на клиентот.
Останати огласи »