
За компанијата: MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Нашите брендови на часовници и накит се застапени во 15 продажни...
повеќе за компанијата »- Објавен на 1.2018
- MY:TIME
- Активен до 24.01.2018
- Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
- Локација: Скопје
- Веб: www.mytime.mk
- Facebook: линк
Најголемиот ланец на малопродажни салони за брендирани часовници и накит во Македонија – MY:TIME има потреба од:
Сметководител
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Високо образование – Економски факултет,
- Минимум 1 година работно искуство во областа на сметководство,
- Високо познавање на Microsoft Office,
- Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување),
- Познавање на законските регулативи од областа,
- Претходно искуство во работа со Pantheon ERP ќе се смета за предност.
Работни обврски:
- Oбезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење,
- Обезбедување навременост, точност и корисност на даночните пријави,
- Комуникација со банки и државни органи,
- Управување на сметките за побарувања и обврски,
- Дневна контрола на книжењето на трансакциите,
- Пресметка и исплата на сите примања на вработените,
- Изготвување статистички извештаи од доменот на сметководството,
- Обезбедување комплетност и точност на подготвените извештаи и податоци,
- Книжење на документи,
- Креирање на фактури и сите пропратни финансиски документи,
- Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на комитенти,
- Изготвување на калкулација по девизен заклучок и праќање известување до бренд менаџерите и координаторите на магацин за истата,
- Проверка на податоците од увозни и извозни декларации,
- Вршење на сите неопходни пресметки,
- Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи,
- Следење на промените во соодветните законски регулативи.
Услови за работа:
- Работно време: понеделник до петок, 09:00 – 17:00ч.
Доколку сте чесна, културна и трудољубива личност која е подготвена да одговори на секојдневните предизвици на магацинското работење, аплицирајте на овој оглас на маилот: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат исконтактирани единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Слични огласи »