
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА.
Основни задачи и одговорности:
- Изготвување Договори и Анекси за вработување
- Пријава/Одјава на вработените во АВРСМ
- Водење на персонални досиеја на вработените
- Ги следи и води процесите околу евиденција на годишните одмори и учествува во администрација на платата и бенефициите
- Изготвување документи за прераспределба на вработените и поднесување во институции ФЗОМ и Малмед ( физички)
- Следење на промени во законската регулатива и програмите на релевантните институции
- Соработка со инспекции од инспекторат на труд, јавно здравје и другите релеватни институции
- Поднесува потребна документација до релевантните институции
- Изготвување на одлуки, решенија и известувања од областа на работни односи
- Пријавување на работа на празник и годишни пријави за работно време
Посакувани карактеристики:
- Високо образование во правни науки или сродна област.
- Работно искуство во областа на Човечки ресурси – персонална администрација
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности:
- Развиени организациски и комуникациски способности
- Самоиницијативност во извршувањето на работните задачи
- Професионален и позитивен однос
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Слични огласи »