
- Објавен на 3.2018
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 14.03.2018
- Позиција: Архитект и ентериер
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 900 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, имаме околу 400 вработени и 101 подружница.
За нашето седиште во Скопје, потребен ни е
АРХИТЕКТ
Основни должности:
- Снимање на постоечката состојба на локалот,
- Изработка на идејно решение и проект, потребни за изработка на проценка на инвестицијата,
- Изработка на проценка на инвестицијата,
- Разработка на проектот со изработка на предмер и пресметка,
- Координација со изведувачите на работите,
- Соработка со сите служби и сектори на задачите за кoи е потребно стручно мислење од доменот на работата,
- Следење на актуелностите од секој домен на работата и примена на современи материјали/опрема,
- Изработка на сите потребни извештаи и записници,
- Следење на законските регулативи од својот домен.
Услови на работното место:
- Факултет VII степен на стручна подготовка, дипломиран инженер по архитектура,
- Минимум 2 години работно искуство, предност е работно искуство на адаптација на локали, како и реализација на адаптација и реконструкција,
- Одлично познавање на процесот на проектирање,
- Познавање на технологијата на изведување на архитектонско – градежни работи, електро-инсталаретски и термо-технолошки инсталации,
- Предност е поседување на Лиценца за одговорен проектант,
- Добро познавање на работа во програмата Auto CAD,
- Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуникација, писмена и усна,
- Изразени вештини на тимска работа и соработка,
- Вештини на организирање и преговарачки вештини.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 14.03.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Слични огласи »