
За компанијата: Брендот Техномаркет се појави на овој пазар како промотор на најсовремената технологија во областа на апаратите за домаќинство, црната (ТВ, аудио, видео) и белата техника, како и IT производите. Првата...
повеќе за компанијата »ДППУ ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, ул 1732 бр. 2 Скопје, тел: 02/3088-000, распишува оглас за вработување на Помошник во сектор за правни работи и човечки ресурси
Потребни квалификации:
- Универзитетско образование – дипломиран правник
- Најмалку 3 години работно искуство во правни работи и човечки ресурси,
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик,
- Добро познавање на MS Office пакет,
- Способност за организација и координирање
- Одлични комуникациски вештини.
Предвидените работни обврски:
Изработка на сите видови договори и интерни правни акти на друштвото; вадење на сите дозволи потребни за непречено функционирање на фирмата и деловните единици; комуникација и застапување пред надлежните инспекторати; изработка на договори за вработување, Решенија, Одлуки и други акти во врска со ЗРО и поврзаните прописи; менаџирање на сите работи поврзани со безбедноста и здравје при работа и сл.
Што нудиме:
- 40 часа неделно работно време;
- Изборот ќе се врши во рок од 45/90/120 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Оглас за Помошник во сектор за правни работи и човечки ресурси во Техномаркет дооел Скопје .
Слични огласи »