
За компанијата: Tritex underwear е водечки бренд за долна облека во Македонија, чија успешна приказна започнува од крајот на 1994 година.
повеќе за компанијата »АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – ПРИЛЕП
- Објавен на:16.07.2020
- Тритекс Трејд ДОО Прилеп
- Активен до: 31.07.2020
- Позиција: Асистент за човечки ресурси
- Локација: Прилеп
компанија ТРИТЕКС ТРЕЈД од Прилеп има потреба од:
Асистент за човечки ресурси - Прилеп
Позиција во организациска структура: Правен сектор
Образование: Висока стручна спрема
Опис на работни задачи:
- Организација и имплементација на регрутација и селекција на кандидати за вработување,
- Спроведување на сите процедури и политики за човечки ресурси усвоени и поставени согласно стандардите во компанијата,
- Изработка и спроведување на планот за развој на човечките ресурси (број на вработени, план за вработувања, план за обука) на годишно ниво,
- Надгледување и оценување на интерни обуки,
- Ажурирање на база на вработени во систем,евиденција за годишни одмори,
- Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси,
- Следење на Законските рамки во Р.М поврзани со работни односи во консултација со правен сектор,
- Следење на сите законски рамки поврзани со Законот за безбедност и здравје при работа.
Работно искуство: Кандидатите со предходно слично работно искуство ќе имаат предност.
Други квалификации:
- Познавање на MS Office пакет, посебно Excell,
- Поседување на изразени комуникациски особини, трпеливост, ДОВЕРЛИВОСТ, силен карактер и тимски дух.
Вашите професионални биографии, испратете ги на следниот маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор.
Слични огласи »