МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.
Постојаниот развој на компанијата наметнува потреба за засилување на тимот и во таа насока имаме потреба од вработување на:
БРЕНД МЕНАЏЕР
Број на работни места: 1
Потребни квалификации:
- ВСС од областа на Фармација, Медицина или Стоматологија
- Работно искуство минимум 2 години
- Работа со Office пакет
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
- Возачка дозвола Б категорија-активен возач
Главни работни задачи и одговорности:
-Спроведува, координира и надгледува активности поврзани со промоција на производ/портфолио
-Утврдува потреби на пазарот и предлага маркетинг стратегија
-Следење и анализа на конкуренција на пазарот
-Истражува и предлага воведување на нови производи
-Теренски активности со клучни клиенти веледрогерии, аптеки и лекари.
Личен профил:
-Професионалност, посветеност и лојалност
-Самоиницијативност и тимска работа
-Одлични комуникациски и преговарачки вештини
-Високо развиени аналитички вештини
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.