
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »ОПИС НА КОМПАНИЈАТА
All new, Right Now- Max it Up!
Во име на нашиот клиент, увозник и дистрибутер за марката Max&Co, кој отвора ексклузивен продажен салон во Скопје, ДЕКРА ја објавува позицијата:
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Презентација на артиклите, познавање на материјали и состав;
- Обезбедување на навремена и соодветна асистенција на сите клиенти;
- Воспоставување професионален однос и ориентираност кон клиентите;
- Постигнување на зададените цели;
- Одржување на хигиената во продажниот салон;
- Обезбедување на највисоки стандарди при процесот на продажба и услуга на нови клиенти;
- Поставување на декларации, прием на роба, магацинско работење и евиденција;
- Работа со фискални сметки, каса и наплата на терминали.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Минимум завршено Средно Образование( Високо Образование ќе се смета за предност);
- Минимум 2 години работно искуство во областа;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредни познавања на MS Office.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Изразени комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти;
- Целовитост и посветеност при извршувањето на секојдневните работни задачи;
- Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
- Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
- Способност за работа под притисок и работа во тим;
- Лојалност, професионалност, одговорност и дисциплина.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Клиентот нуди можност за континуиран професионален развој.
Работното време е од 09:30-16:00h. или 15:30-22:00h. , 6 работни денови во текот на неделата.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 25/07/2020
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »