ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Раководител на Оддел за финансиско управување и известување
- Изготвува извештаи и ги доставува до Управниот Одбор/Генерален Директор и Директорот на Сектор/Директорот на Дирекција;
- Заедно со Директорот на Дирекција за финансии изготвува Ивештаи и ги доставува до други институции и органи, Агенција за супервизија на осигурување, Национално Биро за осигурување, Управа за јавни приходи и др.;
- Ги следи финансицките резултати и врши контрола во врска со реализираните трошоци од страна на организационите единици и подружниците и дали истите се во согласност со утврдените лимити;
- Изготвува квартални, годишни и други извештаи на барање на органот на управување на Друштвото;
- Ги изготвува, односно учествува во изготвување на плановите за приходи и расходи;
- Учествува во реализирањето на обврските кон регулаторот, надворешната ревизија и други надлежни институции;
- Предлага и презема мерки за избегнување на финансиските ризици на Друштвото;
- Соработува со надворешната ревизија,
- Подготвува буџет, периодични финансиски планови, план за приходи и расходи, на месечна, квартална и годишна основа и ги доставува до одобрување до директно претпоставените;
- Врши и други работи по барање на претпоставени лица.
- Потребни квалификации и карактеристики:
Универзитетска диплома од област економски науки, финансии;
Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурување или друга финансиска дејност;
Поседување на лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се смета за предност;
Компјутерско познавање на Microsoft Office, познавање на сметководствени политики и финансиска анализа
Висок степен на креативност и иновација;
Добро планирање и добра организација;
Ориентираност кон клиенти;
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност за тимска работа;
Способност да учи и да се надоградува;
Брзо и лесно се адаптира кон нова работна средина, кон променети околности на работа и сл.;
Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;
Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.
Доколку имате интерес и сметате дека ги исполнувате критериумите, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Раководител на Оддел за финансиско управување и известување”.
Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.
Приоритет имаат лица кои работеле во осигурување и финансиски Сектор, Оддел контролинг и репортинг.
Нудиме компетитивна плата, дополнителни привилегии и обуки.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.