
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Компанијата World Medicine Ilac San ve Tic. A.S., Истанбул, Турција (World Medicine-Pharmaceutical Company) има потреба од Специјалист по фармацевтска регулатива и фармаковигиланца
Основни функции и одговорности:
- Oбезбедува навремена подготовка, поднесување и соодветно следење на нови апликации за издавање одобренија за ставање на лекови во промет до локалните регулаторни органи во Р. Северна Македонија.
- Обезбедува одржување на одобренијата за ставање на лекови во промет преку навремено поднесување на варијации, апликации за обновување на одобренијата.
- Поднесува апликации за одобрување на цени за лековите во релевантните институции
- Развивање и одржување на позитивни односи со засегнатите страни во регулаторната средина.
- Следење на законската регулатива во Р. Македонија и информирање на соодветните лица
- Комуникација со регулаторни и овластени органи во Р. Северна Македонија
- Извршување на локални и компаниски активности од областа на фармаковигиланцата (одговорно лице за PV на локално ниво за компанијата)
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на медицината или фармацијата (специјализација по фармацевтската регулатива или фармаковигиланца ќе се смета како предност во изборот на кандидат).
- Со искуство во областа на фармацевтската регулатива
- Организираност, одговорност и ефикасност, посветеност на детали
- Одлично познавање на англиски јазик
- Работа во дадени рокови
- Следење на интерните правила и процедури
Што нудиме:
- Основна плата по договор
- Мотивирачка работна средина
- Работа во реномирана интернационална компаниja
Работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Слични огласи »