Декра лого

Референт за кредитна контрола и ризици

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 9.2023
  • Декра
  • Активен до 12.10.2023
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3230952
  • Веб: www.dekra.mk
  • Facebook: линк
  • Linkedin: groups4387101

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

Во име на својот клиент, ФД Динерс Клуб Интернационал Мак АД Скопје, компанија со 25 годишна традиција во областа на платежно кредитните картички, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА КРЕДИТНА КОНТРОЛА И РИЗИЦИ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Прегледува, анализира и постапува по основ на:
  • Алертирани и одбиени трансакции;
  • Резервации на средства на основ на направени трансакции со платежни картички
  • Злоупотребени картички;
  • Оспорени направени трансакции (chargeback).
  • Проверува и постапува по основ на национални и меѓународни листи на санкции на физички и правни лица;
  • Одобрува и управува со кредитни изложености на клиенти врз основа на доставени барања и утврдени процедури;
  • Раководи со процесот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам и Одговорно лице пред надлежните органи во тој домен;
  • Одговорно лице за антикорупција;
  • Ажурира и раководи со соодветна документација и процеси во доменот на своите одговорности;
  • Спроведува обуки од доменот на своите одговорности;
  • Изработка на извештаи на месечно и годишно ниво;
  • Активна комуникација и соработка со останати оддели во Друштвото.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Високо образование од областа на економските науки;
  • Одлична работа со компјутери;
  • Одлично познавање и работа со MS Office пакет;
  • Одлично познавање на македонски јазик;
  • Одлично познавање и користење на англиски јазик (усно и писмено ниво-C1/C2);
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Продлабочено знаење на применливата законска регулатива, а особено од областа на управување со ризици;
  • Претходно работно искуство во банка или друга финансиска институција, или ревизорско друштво ќе се смета за предност;
  • Одговорност и уредност во извршување на секојдневните обврски;
  • Аналитичност, организираност и самоиницијативност;
  • Способност за тимска работа;
  • Професионалност и дискретност;
  • Лојалност и припадност кон Друштвото.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »