АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт Скопје лого

Одговорно лице за ставање на серија лек во промет

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Одговорно лице на ставање за серија лек во промет

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
  • Завршена специјализација по аналитика и контрола на лекови или дополнителна едукација од производство и контрола на лекови и најмалку две години работно искуство во областа;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.

Одговорност и работни задачи:

  • Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на дозволата за производство на лек;
  • Обезбедува следење на производството  на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса, односно контролата на квалитет во согласност со препораките на Добра лабораториска пракса како и член 51 на Директивата 2001/83/ЕС;
  • Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од спецификациите и одобрението за ставање на лек во промет;
  • Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, заедно со носителот на одобрението за ставање на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
  • Го организира и ускладува процесот на работа во координација со останатите сектори.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  •      Организираност и ефикасност; 
  •      Способност за тимска работа;
  •      Работа со дадени рокови;
  •      Следење на интерните правила и процедури;
  •      Самоиницијативност и самокритичност.

Услови кои ги нудиме:

  • Почетна нето плата од 70.000 денари, во зависност од искуството на кандидатот може да се определи повисока плата;
  • Организиран превоз;
  • Воведни обуки на вработените;
  • Работа во една смена од 07:30 - 15:30 часот, од понеделник до петок.

      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »