
За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје.
повеќе за компанијата »НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:
* Одговорно лице за Обезбедување на квалитет – 1 извршител
Нето плата: 61.000 денари
Потребни квалификации:
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација, хемија, биологија);
- Минимум 5 години соодветно работно искуство во полето на обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија (Quality Assurance) (искуството се смета за предност);
- Способност за имплементација, следење и одржување на системот за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на производни серии (пуштање на серија), контрола на документи, имплементација на стандардни оперативни постапки, годишни и квартални извештаи, изготвување на годишни прегледи за квалитет на фармацевтски производи, познавање на видови тестирања поврзани со квалитет на производ итн;
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.
Работни задачи:
- Управување со системот за квалитет (QMS), имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
- Изготвување и спроведување на интерни проверки на квалитет со кои редовно се прави проценка на ефикасноста и апликативноста на Системот за обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија;
- Соодветна имплементација на Процедурата за ослободување на серија лек во промет во согласност со Регулативата во Р.С. Македонија;
- Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со GMP, GLP и ICH водичите
- Финален преглед пред пуштање на серија, вклучувајќи и преглед на производствени протоколи, аналитички и микробиолошки резултати од тестирања.
- Упатство и советување за корективни и превентивни мерки, девијации и неусогласености, OOS, OOT, recall management, преглед и одобрување.
- Спроведување на обуки од страна на QA тимот за нов и тековен персонал и нивна евалуација.
- Имплементација и спроведување на програми за само инспекција.
- Имплементација, одржување, надзор и подобрување на Квалитетот и системот за животна околина согласно GMP, ISO 9001 и ISO 14001;
- Управување со процедурата за контрола на промени и одобрување на документацијата за валидација и квалификација.
При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и интервјуа.
Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават лично на следната адреса:
НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје
бул. Борис Трајковски бр.73 (Управна зграда ОХИС – Втора капија),
1000 Скопје
или
на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »