
За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите...
повеќе за компанијата »Алма – М ДООЕЛ
Качанички пат бр.65а, Скопје
www.alma-m.mk
е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
објавува ОГЛАС за следната работна
Позиција:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Датум на објава: 12 Април 2019
Рок за пријавување до: 28 Април 2019
Број на оглас: О-190412-2-НК-МП
Дивизија/Сектор: Нестле
Локација / Регион: СКОПЈЕ
Супервизор: Менаџер за продажба
Работни задачи:
- Презентација на Нестле исхрана за доенчиња со посета на педијатри, медицински сестри, аптеки и други здравствени работници низ Македонија и нивна поддршка по рутинг план, проширување на продажна мрежа и присуство на конгреси, а во согласност со упатства на "Кодекс на СЗО",
- Промовира подобро разбирање на безбедна исхрана, здравје, благосостојба на доенчиња и поттикнува доење во согласност со "Меѓународни правила на СЗО за промоција на мајчино млеко",
- Следи случувања/настани во сфера на бебешка исхрана,
- Изготвува и исполнува неделни/месечни планови за активности вклучувајќи презентации, тркалезни маси, учество на конференции итн.,
- Прибира барања за спонзорства и донации во согласност со "кодекс на СЗО",
- Имплементира акти и политики кои ги носи менаџментот на Алма-М,
- Следи конкуренција, известува и предлага активности за минимизирање на нејзиното влијание,
- Должен/а е да испраќа точни, веродостојни и исправни дневни, неделни и месечни извештаи за своето работење до претпоставен/принципал согласно системот на известување/извештаи на Алма-М,
- други работи по опис на работно место.
Потребни квалификации и вештини:
- Минимум високо образование во областа на медицина ќе се смета за предност,
- Познавање во трговија и дистрибуција на бебешки производи/храна,
- Комерцијални вештини, презентациски вештини и преговарачки вештини,
- Возачка дозвола - категорија Б и подготвеност за активно возење,
- Разбирање на научна и интердисциплинарна природа на бебешка исхрана,
- Компјутерска писменост: Познавање и работа со MS Office,
- Анализа на податоци и пишување на извештаи,
- Капацитет да формира долгорочни односи со клиенти,
- Упорност, посветеност и подготвеност за работа долги часови,
- Одлична комуникација и професионално однесување,
- Организирана, мотивирана и стабилна личност,
- Динамичност, проактивност и насоченост кон резултати,
- Способност за индивидуална и тимска работа,
- Позитивен однос кон промени.
Потребно искуство:
- Минимум 2 години слично професионално искуство во областа на стоки за широка потрошувачка ќе се смета за предност,
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
Напомена:
- Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
- Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
- Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
- Ве молиме без телефонски јавувања
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Слични огласи »