
За компанијата: Грин Машинс е македонска компанија со производен погон во Велес, која произведува возила за одржување урбана хигиена на електричен, водороден и класичен погон.
Во 2020 станавме прва компанија во светот...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
ДПТУ Брако ДОО од Велес има потреба од работници за следниве работни места:
1.Работник на конвенционални сгругови (дребонг) и глодалки (фрези) машини
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Поставување на дел за обработка на/во машината;
- Вклучување, изработка на предмет и исклучување на машината.
Потребни квалификации:
- Средно техничко образование (техничар за компјутерско управување, машински техничар) или друго образование, но со искуство со работа на конвенционални машини;
- Основни познавања на технички цртеж.
2. Работник на универзален Борверк
Опис на работа:
- Прием на налог и технички цртеж за работа;
- Поставување на дел за обработка на/во машината;
- Вклучување, изработка на предмет и исклучување на машината.
Потребни квалификации:
- Работно искуство со управување на универзален Борверк
- Средно техничко образование или друго образование, но со искуство со работа на конвенционални машини;
- Основни познавања на технички цртеж.
Што нуди БРАКО:
- Можност за стекнување знаење и искуство, од искусни обучувачи, долгогодишни членови на тимот на БРАКО.
- Можност за напредување во работата;
- Работа во Велес;
- Добар социјален пакет
Сите заинтересирани своето CV (кратка биографија), со назнака за работното место за кое аплицираат, можат да ги испратат на следната електронска адреса [најави се за да го видиш е-маилот] или да ги остават на капијата на БРАКО, ул. Раштански пат бр.2, Велес.
Прашања и повеќе информации на тел. 043 551 107.
Слични огласи »