
За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
Вработувањe ДУНА
ДУНА д.о.о.
Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии и во Албанија и Србија. Официјални партнери на Ricoh, Poly, Apple, Konka, Brahler, Tentnology, Zebra, Lenovo, Garmin, ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
За кого е наменетo работнoтo местo?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, кои имаат искуство или познавање од информатичка технологија, работа со компјутерска опрема и уреди. Потребни се основни вештини за корпоративен однос и комуникација со клиенти. Поседување возачка дозвола за Б-категорија е задолжително. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал и да напредувате во својот живот и кариера.
Работна позиција:
- Специјалист за техничка подршка – Специјализација во еден од сегментите за сервис и техничка подршка на - печатари, фисклани уреди, организација на настани и управување со аудио и видео, масовно печатење.
Локација:
Што ќе добие вработениот:
- Договор и дефинирани услови за плата и обврски;
- Можност за надградба на своите вештини со учество на обуки, сертификација и усовршување на техниките и знаењата;
- Менторство и пренесување на знаење од страна на нашите продукт специјалисти;
- Професионална и пријатна работна атмосфера и целокупна техничка опременост за професионално работење.
Времетрање на ангажманот:
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт) или писмо за интерес на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Пријава за вработување - Техничка подршка“. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »