Потребни квалификации:
- ВСС - дипломиран фармацевт, хемиски инженер, лабораториски биоинженер
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Активно познавање на Microsoft Office апликации
- Познавање на англиски јазик
Лични вештини:
- Способност за тимска работа
- Ефикасност во извршување на задачите
- Одговорност
- Лојалност и дискреција
Работни задачи:
· Ги следи и почитува сите пропишани процедури и мерки за безбедност и заштита при извршување на секојдневните обврски
· Одржува високо ниво на хигиена во лабораторијата
· Врши узорцирање на примероци за анализа, според пропишаните постапки во процедурата за узорцирање за да се обезбеди репрезентативен примерок за тестирање
· Врши тестирање на сите узорцираните примероци според пропишаните спецификации, методи и протоколи
· Изработува сертификати за квалитет, со внесување на добиените резултати во важечкиот образец
· Внимава извршувањето на анализите да се изведува само на лабораториската опрема, која е калибрирана, квалифицирана и одржувана
· Идентификува проблеми, кои се јавуваат кај аналитичките инструменти / опрема
· Внимателно и точно ги внесува потребните податоци во евидентните книги, дневници и записи, согласно принципите на GMP
· Се грижи за правилно постапување со узорцираните полупроизводи и готови производи и го чува интегритетот на репрезентативниот примерок за тестирање
· При вршење на своите обврски води особена грижа за интегритетот на податоците и нивна следливост
· Рационално ги користи реагенсите и другиот потрошен материјал при вршење на секојдневните активности и го известува одговорното лице при дефицит на истите
· Го известува Координаторот на одделението и Раководителот на лабораторијата за квалитет и за безбедност, кога ќе се појават неусогласености и резултат, кој излегува од границите на пропишаната спецификација
· Редовно го евидентира медицинскиот оптпад и правилно го складира до негово предавање
· Извршува и други активности по барање на претпоставените, кои се во согласност со неговите вештини и компетенции
Што нудиме:
- Компетитивна плата
- Организиран превоз до и од работното место
- Можност за учење и развој
- Пријатна работна атмосфера