Декра лого

Асистент на Комерцијален Директор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Декра:

Сервисер - MX trainer - Маркетинг Специјалист

FASHION GROUP e  најголема малопродажна групација на компании во приватна сопственост за текстил во регионот, која ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови. Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

  • Асистент на Комерцијален Директор

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Планирање, поставување на планови за набавка и буџетирање во рамките на ресурсите спрема потребите на брендот;
  • Набавка и продажни договори со дефинирани комерцијлани услови и тајминг на испораки;
  • Следење, контрола и репортирање  на реализација на таргетите на дневно, неделно, месечно, сезонско и годишно ниво;
  • Комерцијална и финансиска  аналитика на перфомансите на артиклите, колекциите, продавниците, брендот, големпродажбата и сл;
  • Контуинирано следење, подршка и анализа на работата на бренд комерцијалистите;
  • Анализа на пазарот, ценовна аналитика и анкета за конкурентноста на брендовите;
  • Службени посети на матичните Вендори/ брендови кои ги застапува компанијата и бизнис состаноци за дефинирање или редефинирање на комерцијлани услови;
  • Комуникација и коресподенција со комерцијалните сектори на Франшизите/брендовите кои ги застапува компанијата;
  • Комуникација и коресподенција со надворешни сооработници/ коминтенти кој вршат набавка на колекции за продавниците;
  • Комуникација со бренд /продукт менаџерите и контрола во комерцијланите позиции на работњето на продавниците /компанијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока Стрчна Спрема, Економски факултет;
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Претходно работно искуство во комерција со Модни Брендови, ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office package: 
  • Возачка дозвола- Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за комерцијално планирање и организација;
  • Одлични интерперсонални вештини и способност за воспоставување на мултикултурно работно опкружување;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Fashion Group вработува повеќе од 200 професионалци, тимови кои се посветени да го понудат најдоброто за секој купувач и е лидер на пазарот според бројот на моно-бренд продавници, продажни површини и годишен промет. 

Кандидатите кои се заинтересирани да станат дел од тимот на Fashion Group, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е: 10/03/2019

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »