ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДОО лого

Раководител на сметководство

За компанијата:

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЕАСТ ГАТЕ МАЛЛ ДОО:

Директор на финансии

Skopje East Gate SEG, за компаниите во рамки на Балфин групацијата во Македонија (Fuego, Flying Tiger-Just Fun, Nep Loyality, Elektro Eko Griza, Home Plus) објавува конкурс, со цел зајакнување на тимот за Финансии и сметководство. Во потрага сме по стратешки ориентирани кандидати со експертиза во областа на финансии и сметководство, кои поседуваат високо развиени аналитички и лидерски способности, за позицијата:

РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО

Одговорности и работни задачи:

  • Воспоставува и контролира примена на сметководствени политики во согласност со интерните правила на Друштвото и локалните и меѓународните сметководствени стандарди
  • Обезбедува усогласеност и го контролира сметководственото работење од правен, даночен и регулаторен аспект
  • Обезбедува ажурно и точно доставување на даночни, финансиски и други извештаи како и годишните даночни сметки кои се доставуваат до регулаторните и другите контролни органи во Република Македонија
  • Управува со работењето во Одделот за сметководство
  • Воспоставува сметководствен систем правила (процедури) кои се применуваат во процесот на сметководствена евиденција
  • Комуницира со државни органи и консултантски агенции
  • Прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и составување на годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон
  • Контролирање на целокупната влезно-излезна документација, односно правилно распоредување на документите по класи и конта почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството
  • Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички
  • Усогласување на книговодствената документација со стварната, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското
  • Ликвидирање, контрола на документацијата што се однесува на благајничкото работење, вклучувајки ја контролата на персоналниот данок од доход
  • Учествува во воспоставување, одржување и координација на имплементацијата на книговодствените и контролните процедури
  • Го контролира книжењето на трансакциите во продажните објекти и во централен магацин
  • Поднесува статистички извештаи од доменот на сметководството до соодветните државни органи
  • Да предлагаат начини за зголемување на приходите, намалување на трошоците
  • Мотивација, развој и управување со вработените во службата како и воведување на новите вработени

Потребни квалификации:

  • 10 години работно искуство во сметководство, пожелно во малопродажен сектор
  • Мин. 3 години искуство на раководна позиција во сметководство
  • Високо образование – економски науки   
  • Лиценца за овластен сметководител и искуство во подотовка и поднесување на завршна сметка
  • Најмалку 3 години искуство со примена на IFRS стандарди
  • Одлично познавање на даночната законска регулатива
  • Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)

Личен профил:

  • Високо развиени аналитички способности
  • Развиени лидерски вештини и способност за градење и водење на тимови
  • Иницијативност, насоченост кон иновации и подобрувања
  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за запазување на рокови и остварување на резултати

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работно време: 07:30/8:30 – 15:30/16:30 (флексибилно)
  • Приватно здравствено осигурување
  • Годишен бонус согласно остварувањата и останати бенефиции согласно работното место

Доколку барате нов предизвик во кариерата и сакате да бидете дел од реномирана и успешна компанија, каде што се цени лојалноста, извонредноста, лидерството, одговорноста и тимскиот дух, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле

Рокот за аплицирање е до: 29.06.2025

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »