Mellon Solutions Dooel лого

Агенти за телефонска продажба

За компанијата:

Mellon Solutions Dooel дел од Mellon Групацијата, е основана во Скопје во 2003 година и претставува двигател на дигиталната модернизација во финансискиот сектор. Компанијата обезбедува напредни решенија... повеќе за компанијата »

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, како дел од Mellon Group, продолжува со успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје и со цел зголемување на продажниот тим има потреба од:

 

Агенти за телефонска продажба

[реф. бр. 2019-010]

 

  1. Агенти за телефонска продажба

 

Профил на работната позиција:

  • Телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку излезни повици;
  • Активна телефонска продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје;
  • Обезбедување високо квалитетна услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатите:

  • Завршено средно образование;
  • Одлични комуникациски вештини, елоквентност, дикција и развиени продажни вештини и моќ на убедување;
  • Претходно искуство во продажба/ директна продажба/ телемаркетинг или грижа за корисници ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.

 

Услови:

  • Скратено работно време 20 часа неделно;
  • Право на бонус согласно постигнати резултати.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи. Мелон Солушнс Дооел го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellоngroup.com најдоцна 5 дена од објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »