HeadHunter лого

Помошник Раководител на Погон - Металург – Пробиштип

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на наш клиент, реномирана фабрика за производство на широк спектар на батерии и акумулатори, бараме:

 

Помошник Раководител на Погон - Металург

– Пробиштип

 

Опис на работното место:

  • Ја води, насочува, координира и врши надзор на работата во погонот за рециклирање, топење и рафинација во смени
  • Ги распоредува работниците во смени и на конкретни работи врз основа на плановите за производство на рафинирано олово и оловни легури
  • Го контролира изведувањето на техничко технолошките процеси согласно пропишаните прописи, прописите за безбедност и здравје при работа, заштита на општата работна околина како и квалитетот на извршената работа
  • Соработува при решавањето на текновните техничко технолошки проблеми и дава предлози за воведување на нови методи за работа и опрема
  • Ја спроведува политиката за квалитет и управување со животната средина како и превентивните и кореткивните мерки поврзани со погонот за рециклирање, топење и рафинација
  • Ја дава потребата за набавка на репроматеријали
  • Ја води прописната евиденција и документација

 

Квалификации:

  • Најмалку VI степен на образование на Технолошко-металуршки факултет
  • Работно искуство на менаџерска позиција е услов, предност ќе се смета искуство во релевантната индустрија
  • Добро познавање на производните барања, материјали и прописи вклучувајќи ги прописите за безбедност и здравје при работа и управување со животната средина
  • Напредно познавање на МS Office пакетот
  • Способност за водење луѓе и процеси
  • Напредно ниво на англиски јазик
  • Комуникативност и способност за тимска работа

 

Одговорност:

  • За постигнување на целите, годишните планови и спроведување на политиката на фирмата
  • За обезбедување и примена на прописите за безбедност и здравје при работа во погонот
  • За обезбедување на редот и чистотата во погонот за рециклирање
  • За изведба на планираното производство, квалитетот на производството  и изведување на тековните обврски
  • За изведување на работата во склад со упатствата и прописите како и со стандардите за управување со животната средина
  • За спроведување на законите и прописите за заштита на здравјето и безбедноста  при работа и сите прописи поврзани со заштита на животната средина

 

Понуда/Плата :  Соодветна на искуството

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 70 379 914 (Понеделник-Петок) или испратете email на [најави се за да го видиш е-маилот] до 8 Март 2019


Пробајте го Head Hunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »