
За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови.
повеќе за компанијата »ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба за вработување во својата
сестринска компанија СТ ГРАФ ДОО СКОПЈЕ на следната работна позиција:
ПРОДАЖЕН АГЕНТ ЗА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ И МАШИНИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
ПЛАТА: основна плата 20.000,00 ден со можност за екстра услови за надпросечни бонуси.
+ исплата на 0,5% од раб стаж секој месец, секоја година К-15, компаниски бонус на 5 години
Работа само во прва смена, на адреса Ул. Горно Лисиче бр. 210, Скопје, Општина Аеродром
Вашето уредно CV доставете го на
[најави се за да го видиш е-маилот]
ДЕЛ ОД ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
- - Продажба на големо и мало на графички материјали (машини и опрема за печатење, бои, самолепливи фолии, помошни материјали за дигитален и сито печат...)
- - Планирање и имплементација на продажните активности
- - Опслужување на постоечки клиенти преку примање и организирање нарачки, спремање на робата и испорака преку наш доставувач или курирска служба.
- - Издавање на фискални сметки, испратници, фактури преку наш софтвер
- - Изнаоѓање на нови потенцијални клиенти и организирање состаноци, посета на саеми
- - Преговарање на услови за соработка и склучување договори
- - Собирање и анализа на податоци од пазарот и клиентите
- - Фокусирање на енергијата преку анализа на продажбите и изнаоѓање можности за развој и искористување на потенцијалот на пазарот и клиентите
- - Следење на продажбата и предлагање идеи за унапредување на соработката со клиентите и бизнисот според новите трендови во графичката индустрија
- - Одговорен е за исполнување на целите за продажба, наплата, нови клиенти… (Според договорен KPI модел)
- - Допринос за унапредување на компанијата и пораст на прометот согласно годишните планови
Квалификации и образование:
- Средно или Високо образование
- 3+ години практично искуство во продажба
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Компјутерска писменост
- Важечка возачка дозвола за Б категорија.

Слични огласи »