
- Објавен на 6.2018
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 30.06.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
Компанијата Моззарт работи на пазарот на игри на среќа од 2001 година, како една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е организирање на спортско обложување, изработка на квоти и производство на придружен софтвер за поддршка, а наш најголеми капитал се луѓето. Во овој момент, компанијата Моззарт има околу 4.000 вработени и околу 900 канцеларии ширум регионот. Во Македонија, компанијата работи од 2008 година, има околу 420 вработени и 110 уплатни места.
За нашето седиште во Скопје, потребен ни е
ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
Основни должности:
- Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со проектно-оперативните задачи
- Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, инспекција на системските и апликативни логови, проверка и бекап
- Редовно следење на безбедноста заради идентификување на евентуални слабости
- Брза и ефикасна комуникација со корисниците и другите членови на интерните тимови
- Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување
- Решавање на мрежните проблеми и прекини
- Имплементација на нови технологии
Услови за засновање на работното место:
- Минимум средно техничко образование
- Најмалку 1 година работно искуство на позиција на мрежен и систем администратор или друга ИТ позиција
- Напредно познавање на мрежи и мрежни протоколи, структурно каблирање, сертификат CCNA ќе се смета за предност
- Искуство во работата со мрежна опрема од еден или повеќе од наведените производители MikroTik, Cisco, Juniper
- Познавање на оперативните системи Linux/Windows, релевантен сертификат ќе се смета за предност
- Познавање на технологијата на виртуелни инфраструктури (Vmware)
- Основно познавање на бази на податоци Oracle, sql ќе се смета за предност
- Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост, изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, способност за решавање на проблеми, стремење кон развој и континуирано учење, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Моззарт, чија примарна цел е да се воспостават и подигнат стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, Ве молиме испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо на следнава е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на пораката (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување пријави е 30.06.2018 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Непотполни пријави нема да бидат земени во предвид.
Останати огласи »