
За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот....
повеќе за компанијата »АД ЕВРОПА Скопје има потреба од 4 транспортни работници кои ќе ги извршуваат работните задачи во Магацините на фабриката.
Транспортен работник во Магацин
Задачи на работното место:
- на дневно ниво презема стока и ја складира на одредено место во магацинот;
- по налог на претпоставеното лице треба да припрема пратки за утовар;
- врши утовар на припремените пратки во транспортните средства;
- при утоварот мора да ја контролира утоварената количина по налогот и за секое несогласување да го информира претпоставеното лице;
- по налог на претпоставениот оди на истовар и врши истовар на производите во магацинот на купувачите;
- ја одржува хигиената во магацинот;
- извршува и други работни задачи кои не се опфатени во описот на задолженија, по налог на претпоставениот;
Услови за кандидатите:
- ССС (завршено средно образование)
- Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
- Почитување на колеги и претпоставени, насоченост на тимска работа
- Пожелно е работно искуство на исто или слично работно место
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време.
- Можност за доусовршување и развој на кариера.
- Редовни месечни примања, надоместоци.
- Платен оброк за секој вработен.
Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail: hr@evropa.com.mк
Ве молиме да наведете во subject: Апликација за транспортен работник. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.
Слични огласи »