
- Објавен на 6.2017
- ДЕЛТА БЕТ
- Активен до 01.07.2017
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/3296-155
- Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 3000 работници и околу 700 подружници во регионот. Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 65 подружници.
За работа на територијата на Град Скопје, потребен e
К Н И Г О В О Д И Т Е Л
Основни должности:
- Евиденција на влезни фактури во деловодник
- Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
- Книжење на влезни фактури
- Книжење на девизни фактури и корекција на данок
- Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
- Книжење книжни одобренија и задолжувања
- Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
- Книжење на изводи денарски и девизни
- Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга
- Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи
- Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
- Пресметка на закупи и под закупи
- Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
- Проверка на трошоците на Друштвото
- Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
- Составување и достава на даночна пријава до државни органи
- Следење на законските прописи и примена на истите
- Следење на сите прописи од областа на даночната регулатива, книговодствените прописи, платниот промет, девизнотото работење и правните прописи.
- Контрола и анализа врз благајничкото работење
- Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи
Услови:
- Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa
- Најмалку 3 годишно работно искуство
- Одлично познавање на работа со компјутер
- Одговорност, лојалност, професионалност
- Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
- Смиреност, сталоженост, комуникативност
- Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 01.07.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
Останати огласи »