
За компанијата: Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година,...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила.
Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.
Поради проширување на својот тим имаме потреба од
Финансиски контролор
Работни задачи и одговорности:
- Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи
- Учествување во процесот на буџетирање.
- Анализа на варијансите и толкување на резултатите, односно клучни деловни индикатори (KPI).
- Анализа на отстапувања од буџетот и соработка со раководството во смисла на подобрување на ефикасноста.
- Следење на трошоците на месечно ниво и контрола на соодветно книжење на трансакциите.
Потребни квалификации:
- Високо образование во областа на финансии и сметководство или ревизија.
- Минимум 3 години работно искуство како сениор на слична позиција во областа на финансии и сметководство или ревизија
- Тековно познавање на сметководствените принципи и законодавство
- Високо ниво на аналитички.технички и иновативни вештини за испорачување точни финансиски анализи
- Високо ниво на комуникациски и аналитички вештини, расудување и можност за брзо решавање на комплицирани ситуации
- Способност за работа со кратки рокови и промена на приоритети
- Тимски играч со одлични интерперсонални и комуникациски вештини
- Одлично ниво на познавање на англиски јазик
- Познавање на германски јазик се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office (excel и power point)
- Работно искуство на слична позиција во интернационална компанија се смета за значајна предност.
Ние нудиме :
- Динамична и професионална работна средина
- Програми и можности за континуиран професионален развој
- Месечен надомест утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот
Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја
достават на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за " Финансиски контролор”
Забелешка:
- Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
- Со личните податоци се постапува во согласност со ЗЗЛП.
Слични огласи »