
За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: МАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование Економски Факултет - Маркетинг/ Е- Бизнис
- Претходно работно искуство за оваа позиција ќе се смета за предност
- Одлични вербални и комуникациски вештини
- Познавање на Е-маркетинг
- Познавање на Wordpress
- Одлично познавање на англиски јазик и Office пакетот
- Флексибилност, креативност и адаптибилност
Опис на работата:
- Развивање на маркетинг стратегија
- Истражување на целите и потребите на компанијата
- Одговорност за бренд менаџмент и репутација на компанијата
- Смислување концепт за естетски изглед на реклами, брошури, newsletters и друг вид на маркетинг материјали
- Осмислување на концепт за настан
- Идентификување на целната публика
- Планирање, организирање и координирање на технички аспекти пред да започне настанот
- Следење на светските трендови во маркетинг сфера
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Слични огласи »